Водете љубов со целото тело

Многу грешите ако сексуалното задоволство го поврзувате само со стимулација на гениталиите. Секако, на нив треба најдолго да се задржите, но немојте да заборавите дека на телото има и други ерогени зони кои што можете да ги стимулирате.

Немојте да ги прескокнувате градите, вратот, ушите, подлактниците... обидете се сексуалната енергија да ја проширите на целото тело, па вашите и оргазмите на партнерот ќе бидат уште поинтензивни.

vodete-ljubov-so-celoto-telo

Без добар секс нема успешна и трајна врска. За жал до совршен сексуален живот не се стигнува туку така.

За со некого навистина да уживате во врвен секс, тој некој најпрво треба да ве привлекува, а вие треба да го жртвувате времето и енергијата за добро да го запознаете.

Еве неколку совети со чија помош ќе станете врвни љубовници.

Без брзање

Постои мит дека само спонтаниот секс е добар секс, иако најчесто е она спротивното. Затоа е најдобро да не брзате. Планирањето и подготовките вложени во романтична вечер ќе бидат наградени со поголемо уживање. Доколку сакате да се забавувате во љубовната игра, немојте да брзате. Кажете му на партнерот јасно и гласно што сакате, тоа ќе го охрабри да ви приреди најдобра љубовна предигра. Ако сте срамежливи, почекајте хормоните да ви проработат, па скриените желби шепнете ги на увце во текот на загревањето.

Откријте што му/и е омилено

Ако сакате да постигнете посилни огразми, оние од кои се грчат мускулите, а срцето бие како лудо, тогаш на тоа мора да поработите заедно. За да научите да уживате, мора да препознаете што ви причинува најголемо задоволство. Тоа најлесно ќе го дознаете така што ќе почнете да го истражувате своето и неговото тело. Реагирајте на секоја воздишка и грчење на мускулите. Немојте да бидете срамежливи. Играјте си, експериментирајте и трудете се взаемно да се задоволите. Ќе видите дека по извесно време ќе водите љубов како никогаш до сега.

Фантазирајте

Поделете ги со партнерот своите најскриени фантазии и поттикнете го и тој/таа да ви раскаже за што фантазира. Обидете се взаемно да си ги остварите желбите. Секако немојте за тоа да зборувате ако видите дека вашиот партнер не се согласува затоа што така ќе се оддалечите, а вашиот однос ќе се „излади“.

Користете го допирот

Повеќето љубовници може да постигнат врвна возбуда само ако ги допирате гениталиите. Допирањето треба да биде дел од вашиот однос, дури и кога секс не ви паѓа на памет. Допирајте се секогаш ако поминете еден покрај друг, гушкајте се, држете се за рака, масирајте се, капете се заедно. Тоа уште повеќе ќе ве зближи, а кога ќе дојде време за секс, тој ќе биде многу поквалитетен.

Заштитете се себеси и партнерот

Ако мислите дека заштитата ќе ве спречи да уживате или ќе го намали интензитетот на задоволството, тогаш грешите. Кондомот не мора да преставува гумена бариера помеѓу вас и вашиот партнер, ниту неговото поставување мора да ја наруши спонтаноста. Ослободете се од предрасудите и ќе бидете добри љубовници.

Најважен сексуален орган не е само оној под појасот, има нешто и во главата. Ако сте оптоварени со страв од несакана бременост или сексуално преносливи болести, нема да се опуштите, што е пресудно за уживање во сексот. Затоа мора на време да размислувате за контрацепцијата.

Уживајте во бакнувањето

Чувството што се јавува секогаш кога ќе ви се спојат усните често пати е толку пријатно и интензивно што некои луѓе со часови се бакнуваат. Затоа бакнувањето е важен дел од сексот и не треба да се занемарува особено затоа што може да се применува секогаш и секаде.

Иако многу луѓе уживаат при бакнувањето да го употребуваат јазикот, постојат и такви кои тоа не го сакаат. На таквите немојте да им го наметнувате овој начин на бакнување бидејќи така ќе ја расипете атмосферата.

Задоволете го партнерот

Немојте партнерот да го оставите незадоволен само затоа што ви се разликуваат сексуалните апетити. Изреката „прави му га на друг она што сакаш и тебе да ти го прават“ важи за и за сексот како и за секој друг аспект на животот. Секој од нас има сексуални апетити и ниту еден пар не е совршено ускладен. Секогаш на еден од вас ќе му биде потребно повеќе секс отколку на другиот. Со години улогите може дури и да се изменат, но важно е да си ги исполнувате желбите.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Секс поза „шампањ соба“, соодветна и за во просторија без кревет (18+) Жената ја води динамиката, но и мажот помага. Може да се изведе дури и на столче...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Да се исполни времето - тоа е среќа. Да се исполни времето и да не се остави простор за каење или одобрување.
Ралф Валдо Емерсон (1803-1882)