ONE #Letogram - Прв Инстаграм фото конкурс во Македонија

Токму на Светскиот ден на Инстаграмџиите, 26-ти јули, телекомуникацискиот оператор ОНЕ го објавува првиот Инстаграм фото конкурс во Македонија, насловен како ONE#Letogram.  

one-letogram-prv-instagram-foto-konkurs-vo-makedonija-1

Почнувајќи од 26-ти јули па се до 14-ти септември, македонските Инстаграмџии ќе имаат единствена можност да ги споделат своите фотографии сликани со мобилен телефон со таг #Letogram, користејќи ја, притоа, најпопуларната мобилна апликација Инстаграм и на тој начин да учествуваат во првиот Инстаграм фото конкурс во Македонија. Темата на првиот Инстаграм фото конкурс е `Долго, топло лето` инспирирана од летото и летните одмори.

Вистинско задоволство е да се најави еден ваков уникатен проект кој во себе интегрира уметност и современа технологија, дотолку повеќе што проектот ќе се одвива комплетно на социјалните медиуми како платформа која е составен дел од современото живеење, а Инстаграм апликацијата составен дел на современите мобилни уреди. Целта на овој проект е да покажеме дека мобилните телефони не се само средство за комуникација, туку и средство за креативен израз, правење фотографии или снимање видео што пак е поддржано од ОНЕ во еден друг проект веќе трета година по ред , проектот МобилФест. ОНЕ е прва компанија во Македонија која ја мобилизира и наградува македонската Инстаграм заедница, а наша тенденција е вакви и слични иновативни проекти да поддржуваме и во иднина“, изјави Генералниот извршен директор на ОНЕ, г. Цирил Кафол.

Наградниот конкурс се состои од три фази. Во првата фаза која ќе трае до 25-ти август сите заинтересирани можат да ги вклучат своите фотографии во конкурсот, едноставно со додавање на тагот #Letogram на својата јавно објавена фотографија.

Во втората фаза, тричлено стручно жири ќе одбере топ 10 фотографии, а за 3 од нив ќе се гласа на Facebook  фан страницата на ОНЕ во периодот од 1 до 10 септември.  Во финалната фаза е предвидена изложба на сите фотографии и прогласување на најдобрите три. Авторите на трите најдобри фотографии ќе бидат наградени и тоа: авторот на најдобрата фотографија со еден смартфон HTC ONE V, а авторите на второ и трето избраните фотографии со мобилни геџети/фото објективи за мобилен телефон.

Свој придонес во проектот ќе даде и Горан Костовски @indog, графички дизајнер, еден од најангажираните виџеи во Македонија и пасиониран Инстаграмџија, кој е воедно и член на стручното жири.

one-letogram-prv-instagram-foto-konkurs-vo-makedonija-2

one-letogram-prv-instagram-foto-konkurs-vo-makedonija-3

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Биди промената што сакаш да ја видиш во светот.
Махатма Ганди (1869-1948)