Пуштени повеќе билети за Олимпијадата да се покријат празните места

pusteni-povekje-bileti-za-olimpijadata-da-se-pokrijat-praznite-mesta

Дополнителни олимписки влезници се пуштени во продажба за да се надмине проблемот со празни седишта, објавија организаторите LOCOG, јави BBC.

Почетно во продажба се пуштени уште 3.000 влезници, од кои 600 за гимнастика, а распродадени се уште во неделата вечерта, преку интернет страницата на Олимписките игри Лондон 2012.

Влезници ќе бидат пуштани во продажба секоја вечер на ден пред одржувањето на некој натпревар, додаваат од LOCOG.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, рече дека празните седишта се разочарувачки, но дека тоа не им се случува само нив, туку тоа се случувало и на претходните олимпијади.

На некои настани акредитираните фамилијарни олимписки места – резервирани за групи официјални лица, спортски федерации, спортски работници, новинари и спонзори – останаа празни.

Директорот на LOCOG communications, Џеки Брок-Дојл, вели дека организаторите прават сè да го решат проблемот.

Ова го правиме сесија по сесија, зборуваме со акредитираните групи, вклучително и со медиумите и со сите други, дали може да ги ослободиме нивните места и да пуштиме карти во продажба за нив“, додава таа.

Вообичаено, ова се прекрасни места во високи позиции и како што велиме во ИОЦ, ако не ги користите - вратете ги, затоа што имаме многу луѓе кои би сакале да присуствуваат на тие натпревари“, вели секретарот за култура, Џереми Хант.

Тој додава дека влезниците биле даденни на спортски асоцијации, па преговорите за да се вратат билетите е комплициран процес.

30.07.2012 (Макфакс)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Колку си поблиску до врвот, толку повеќе сфаќаш дека не постои „врв“.
Ненси Баркус