Комплетирани четвртфиналните двојки на тенискиот турнир

kompletirani-cetvrtfinalnite-dvojki-na-teniskiot-turnir

На тенискиот турнир кој се игра на Олимписките игри во Лондон, комплетирани се четвртфиналните двојки во машка и женска конкуренција.

Првиот носител на турнирот Роџер Федерер го мина Денис Истомин и во следната рунда ќе игра против Џон Изнер, кој во израмнет меч го победи Јанко Типсаревиќ.

Новак Ѓоковиќ забележа победа од 2:1 против Лејтон Хјуит и во следната рунда ќе игра против Жо-Вилфред Цонга, кој со 2:0 го победи Фелисијано Лопез.

Домашниот фаворит Енди Мареј со мали проблеми го победи Маркос Багдатис со 2: и во следното коло ќе игра против Николас Алмагро кој со 2:0 го совлада Белгиецот Стив Дарси.

Хуан Мартин Дел Потро во три сета го победи Жил Симон од Франција и за пласман во полуфиналето ќе игра против Давид Ферер, кој иако со нула го загуби првиот сет ги доби следните два против Кеи Нишикори.

Кај дамите Серена Вилијамс ја истакна кандидатурата за освојување на златниот медал, откако на Вера Звонарева и препушти само еден гем. Американката во следното коло ќе игра против Каролин Вознијаки, која со 2:0 ја победи Даниела Хантухова.

Петра Квитова ја победи Флавија Панета и за противничка во четвртфиналето ќе ја има Марија Кириленко која ја совлада Јулија Гергес од Германија.

Втората Германка, Анжелик Кербер ја испрати на трибините Венус Вилијамс, нејзина противничка во следното коло ќе биде Викторија Азаренка.

Дерби на четвртфиналето ќе биде пресметката помеѓу Марија Шарапова и Ким Клајстерс.

02.07.2012 (Макфакс)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Вљубените не се среќаваат некаде туку така. Тие се еден во друг постојано.
Џелалудин Руми (1207-1273)