ВИДЕО: 9 психолошки трикови со кои ќе го избегнете манипулирањето на другите

9 психолошки трикови со кои ќе го избегнете манипулирањето на другите



Скоро и да нема личност која не била жртва на некој манипулатор, а проблемот е тоа што овие луѓе толку умешно ги кријат нивните намери, така што сфаќате дека ве манипулирале дури кога ќе биде премногу доцна. Па, како да ги избегнете и како да се справите со овие луѓе? Најпрво, за да го избегнете манипулирањето, мора да научите да го препознавате. Ако се посомневате дека нешто не е во ред, добро размислете кои се вистинските намери на личноста која сметате дека сака да ве манипулира.