Породолжи кинеската доминација во пинг-понг

prodolzi-kineskata-dominacija-vo-ping-pong

Жанг Џик од Кина го освои златниот медал во пинг-понг во поединечна конкуренција, на Олимписките игри во Лондон.

Во финалето Џик го совлада сонардоникот Ванг Хо со 4:1 во сетови. Бронзениот медал му припадна на Германецот Дмитриј Овчаров, кој во малото финале забележа победа над Чуанг Чих-јанг од Кинескиот тајпех.

Златото во женска конкуренција го освои Ксијаокисја Ли која во финалето ја победи сонародничката Нинг Динг.

Кинезите доминираат во пинг-понг уште од 1988 година, кога овој спорт беше воведен на Олимписките игри во Сеул. Од можните 26 тие имаат освоено 22 медали.

03.08.2012 (Макфакс)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Лесно е во светот да живееш според мислењето на другите, лесно е во самотијата да живееш на свој начин, но голем човек е оној кој сред толпата со совршена леснотија ја зачувал својата индивидуалност.
Ралф Валдо Емерсон (1803-1882)