Мареј ја доби психолошката војна против Ѓоковиќ

marej-ja-dobi-psiholoskata-vojna-protiv-gjokovikj

Британецот Енди Мареј ќе му се спротистави на Роџер Федерер во финалето на тенискиот турнир, на 30-те Олимписки игри во Лондон.

Миленикот на домашната публика, во полуфиналето го победи Новак Ѓоковиќ со 7:5, 7:5, во меч кој траеше точно два часа игра.

Мареј до финалето стигна благодарение на менталната сила, имаше повеќе нерви од противникот, особено во решавачките моменти на мечот.

Британецот искористи две од четирите брејк топки, сервисот на противникот му го одземаше во 12 гем, во првиот и вториот сет.

Ѓоковиќ за разлика од Мареј не искористи ниту една од четирите брејк топки.

Финалниот меч помеѓу Мареј и Федерер ќе биде реприза од последното финале на Вимблдон, кога Швајцарецот многу лесно го совлада Британецот и стигна до својата седма грен слем титула во Лондон.

Ѓоковиќ против Хуан Мартин дел Потро ќе се бори за бронзениот медал.

04.07.2012 (Макфакс)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Секоја криза е можност за наше повторно раѓање, наше повторно зачнување како личности, можност за избор на промената која ќе ни помогне во созревањето и чувството на исполнетост.
Нена О`нил