ЕА ја обвини Zynga за копирање на играта Sims во развојот на The Ville

ea-ja-obvini-zynga-za-kopiranje-na-igrata-sims-vo-razvojot-na-the-ville

Издавачот на компјутерски игри Electronic Arts ја обвини програмерската фирма за игри за социјалните мрежи и мобилните уреди Zynga дека ги копирала клучните елементи од популарната игра The Sims Social при развојот на играта The Ville.

Според тужбата, Zynga репродуцирала во играта The Ville голем број функции и елементи од играта The Sims Social, од карактеристиките на карактерите до акциите на хероите.

Играчите на The Ville добија можност за заемно дејствие со осум ликови кои го репродуцираат спектарот карактери од The Sims Social, а, исто така, може да го одберат тенот за осум можни варијанти, што е функционалност исто така од играта на Electronic Arts.

„Изборот на дизајнот, анимацијата, визуелниот изглед и акциите на ликовите се директно копирани од страна на Zynga од The Sims Social“, вели за Reuters претставничката на ЕА Луси Бредшо. Според неа, за неискусен корисник разликите се речиси непрепознатливи.

Играта The Sims Social, која на корисникот му овозможува да креира карактери и да комуницирате преку нив со други херои од виртуелниот град, беше лансирана од страна на ЕА на социјалната мрежа Facebook во август минатата година.

Играта The Ville, во којашто корисниците можат да изберат облека за ликовите, да градат домови и да комуницираа, фирмата Zynga ја издаде во јуни годинава.

„Жалиме што Electronic Arts така реагираше на нашата игра, и со тоа покажа недостиг од разбирање за основните принципи на заштитата на авторските права“, изјави адвокатот на Zynga, Реџиналд Дејвис.

Ова не е прво побарувања за авторските права од Zynga. Така, во декември минатата година меѓусебните побарувања на кршење на авторските права Zynga ги регулираше со бразилската конкурентска компанија Vostu. Сепак, Electronic Arts е еден од најголемите противници на Zynga кој ги бара правата на судот.

Како посебен аспект од побарувањето, како што е наведено е што Zynga можела да добие инсајдерски информации за развојот на The Sims Social, по вработувањето на три врвни менаџери на ЕА, Џон Шаперт, Џеф Карп и Бери Котл, непосредно пред лансирањето на играта, пишува Reuters. Од Zynga отфрлаат секаква незаконитост во нивната работа.

Компанијата Zynga во вториот квартал од 2012 година објави нето загуба од 22,8 милиони долари наспроти 1,4 милиони евра нето добивка во истиот период една година порано. Приходите на Zynga за истиот период пораснале на 19 отсто, на 332,5 милиони долари.

04.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не се компромитирај. Ти си сè што имаш.
Џенис Џоплин (1943-1970)