4 природни препарати за белење на забите


4 природни препарати за белење на забите

4-prirodni-preparati-za-belenje-na-zabite

Содата бикарбона ги чисти и избелува забите. Помешајте лажиче сода со малку сол и неколку капки оцет и со смесата измијте ги забите. Истата постапка повторете ја два до четири пати во месецот – ќе имате убави и негувани заби.

Лимон и сода

Во сад ставете ¼ филџан сода бикарбона и сок од половина лимон. Смесата нанесете ја на забите и оставете да делува три минути, но не подолго за да не ја оштетите забната глеѓ. Измијте ги забите со паста за заби, а постапката применувајте ја еднаш неделно.

Јагоди

Ако сакате без мака да ги избелите забите искористете ги јагодите. Изгмечете неколку јагоди и со нив истријте ги забите. Потоа измијте ги со паста за заби за да не ви се оштети глеѓта од киселината и шеќерот.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет помага во отстранувањето на дамки и при избелување на забите, а ги убива и штетните бактерии во усната шуплина. Во чаша со вода ставеле едно лажиче оцет и со тоа исплакнете ја усната шуплина, а забите измијте ги со паста. Постапката повторувајте ја секој ден.

Ловоров лист и портокал

Забите ќе бидат бели ако ги измиете со смеса на ловоров лист и исушена кора од портокал. Во сад ставете иста количина на меле и исушен ловоров лист и сушена и сомелена кора од портокал и додајте малку вода. Нанесете ја смесата на забите и оставете да делува три до ечтири минути. Потоа измијте ги забите со паста за заби.

Би можело да ве интересира:

Навики коишто ги практикувате секојдневно, а ви го влошуваат здравјето Почнувајќи од станувањето од креветот, па сè до опуштањето после тежок ден, дено...
9 работи кои треба да ги правите помалку за да одите на доктор поретко Од пиење од пластични чаши до ставање на чантата на кревет, некои ваши навики се...
Влакната на четката не смее да се повисоки од 2 сантиметри: Грешки при нега на забите Многумина сметаат дека сосема доволно е да ги исчеткаат забите 2-3 пати во текот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg

Најнови игри

Само љубовта може да ги спои луѓето, да ги надополни и исполни, бидејќи само таа ги поврзува со најдлабокото нешто во нив.
Пјер Тејар Де Шарден