Што е ново?

Создадено: четврток, 23 април 2009

dedicated_serverПочитувани посетители,

За речиси едногодишно постоење, благодарение на вас - верните посетители, CRNOBELO.com ги надмина сите очекувања во однос на посетеност. Поради зголемената популарност и постојан пораст на посети, често се случуваше сајтот да не биде достапен поради преоптовареност на серверот.

Со цел подобро функционирање на порталот во иднина, достапност во секое време и поголеми перформанси, чест ни е да ве известиме дека од 23 април 2009, CRNOBELO.com започна да функционира на сопствен, моќен dedicated сервер лоциран во САД. Со тоа ќе се овозможи побрзо вчитување на содржините на сајтот и можност за понатамошна надоградба и усовршување.

Ви благодариме што сте наши верни читатели и што овозможувате подобрување на можностите на нашиот портал.

Искрено,
Тимот на CRNOBELO.com

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Среќа е кога тоа што го мислите, кажувате и правите во хармонија.
Махатма Ганди (1869-1948)