Нема да ти се допадне, но...

najava_small.jpgЕдна од многу честите грешки кои ги прават луѓето во разговор со некого па и со саканата личност е да почнат најава која би требало да го подготви соговорникот за одредена тема, а звучи како да најавуваат пропаст на светот или нешто слично.

 

Типичен пример: „Немој да се уплашиш, не е ништо страшно, но ....“. Таков почеток се користи со најдобра намера за да она што следи не дојдеnajava.jpg како гром од ведро небо т.е. соговорникот да се подготви за непријатноста што следи. Меѓутоа се употребува за крупни работи и за нешто што и не е така крупно. Зарем не би помислиле дека по таква најава мора да следи нешто прилично лошо? Введнаш ќе се вознемирите, ќе се прашувате што ли ќе чуете следно, каква ли тоа несреќа се случила.

Ваквите „најави за крај на светот“ најдобро е да се избегнуваат бидејќи најчесто се сваќаат како врв на санта мраз, по што следи нешто многу полошо. Секогаш кога е можно само директно кажете го тоа што го имате без обид да ја подготвите саканата личност на тоа што следи.

На пример, ако сакате вашата сакана личност со вас да дојде на роденден на вашата баба, а знаете дека тоа нема да и се допадне бидејќи таму ќе се досадува, кажете и едноставно дека многу би ви значело кога со вас би дошла на роденден на вашата баба, без непотребен вовед.
Ако не најавувате пропаст, нема да има ни реакција како да ќе биде крај на светот.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Совети за еротска масажа за незаборавно искуство со партнерот Еротската масажа има за цел ослободување од напнатост и стрес, а овие совети ќе ...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Жени откриваат: Што мразат, а што навистина сакаат во кревет? (18+) Уживаат во орален секс, но не сакаат сексот да трае премногу долго – жени открив...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Личноста со надеж гледа успех каде што другите гледаат неуспех, сончева светлина каде што другите гледаат сенки и бура.
Оризон Свет Марден (1850-1924)