Од угодување до самопочит

od-ugoduvanje-do-samopocit-povekjeДали некогаш сте се запрашале каде е границата на она што некој е подготвен да го направи за да му се допадне на некој друг, да биде прифатен, да го освои?

 

Нема ништо поприродно од тоа кога некој ќе ни се допадне и ние да сакаме да и се допаднеме на таа личност. Тогаш се трудиме да бидеме внимателни, љубезни, забавни, привлечни, паметни...

Тогаш го покажуваме своето најдобро лице, се прикажуваме во најубаво светло. Но, каде е границата на она кое некој е подготвен да го направи за да му се допадне на некој друг?

Најверојатно и вие познавате некоја личност која во вакви ситуации е подготвена да отстапи од своите ставови, убедувања, вообичаениот начин на облекување или на однесување за да му се допадне на дечкото или девојката кој во моментот не ја забележува. od-ugoduvanje-do-samopocit

Поради впечатокот што сака да го остави, некој нарачува храна што не ја сака или пие пијалок кој не му одговара. Да не зборуваме за излегување на места каде никогаш не би се решила да отиде ако не е тој таму.

Станува збор за личности кои веруваат дека мораат постојано да му угодуваат на другиот за тој да ги прифати и засака.

Колку повеќе им е важен другиот, толку повеќе се подготвени да угодуваат.

Но, дали ваквото угодување е добриот пат до љубовта и каков исход носи тоа?

На другиот му угодуваме тогаш кога го правиме она што тој го сака па затоа тоа и предизвикува внимание и привлечност кај него... Угодувањето навистина претставува еден од начините на покажување на љубовта.

Во една здрава љубовна врска постојат мигови кога угодуваме и мигови кога не угодуваме, кога бараме партнерот да ни угоди нам.

Ние го сакаме партнерот, но очекуваме и од него да биде возвратена љубовта. Партнерот има желби, но и ние имаме. Поради тоа, во здравите односи се појавуваат конфликти, додека тие отсуствуваат во односите со претерано угодување.

А нашите желби се важни бидејќи преку нив се изразуваме себе си. Исходот на преголемо угодување е дека тој/таа нема да ја запознае, како ни тоа дека оваа личност нема да го живее својот живот. А кој долго се крие себе си, може и да се заборави, да се изгуби или да се поништи. И со тоа да ги изгуби својот шарм и својата привлечност.

Затоа не чуди што врските кои настанале на овој начин се нестабилни. Се верува дека претераното угодување не вреди, дека не може да донесе љубов.

Затоа ви препорачуваме да бидете она што сте и да се дружите со оние кои такви ве прифаќаат и ве сакаат.

Би можело да ве интересира:

Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Долга предигра и уште 5 совети за посилен и подолг оргазам (18+) Доживувањето задоволувачки оргазам е важен аспект за сексуалната благосостојба.....
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Лесно е во светот да живееш според мислењето на другите, лесно е во самотијата да живееш на свој начин, но голем човек е оној кој сред толпата со совршена леснотија ја зачувал својата индивидуалност.
Ралф Валдо Емерсон (1803-1882)