Бон-тон за по телефон!

bon-ton-za-po-telefon-povekjeА, кај си? А, сега каде си? Што носиш? Кој има лево од тебе? Тој ти е бившиот? Честа грешка во односот помеѓу двајца се неконструктивните телефонски...

 

...разговори. Освен ако не сте физички оддалечени и немате можност да се видите во живо, долгите и напорни разговори треба да ги избегнувате. Прочитајте ги седумте златни правила:

bon-ton-za-po-telefon

1. Имајте цел и поента за својот повик – немојте да ѕвоните премногу  често без потреба. Доволно е еднаш до два пати на кратко да се чуете ако немате можност да се видите.

Кога зборувате постојано на телефон разговорот може да заврши со молчење и дава погрешен сигнал. Ако веќе ѕвоните без некаква причина, напоменете дека ви е здодевно и сакате да поразговарате со некого.

2. Разговорот нека биде краток – кратко, а слатко. Докажано е дека долгите разговори најчесто водат до расправии без потреба.

3. На крајот од разговорот донесете заклучок - секој го помни крајот од разговорот и затоа истакнете за што сте разговарале.

4. Бидете позитивни – никој не сака ширење негативна енергија доколку за тоа нема причина.

5. Ѕвонете во пристојно време – во работно време, за време на ручек, доцна навечер – НЕ!

6. Оставете порака дури по вториот повик – немојте да оставате одма порака на говорното сандаче освен ако не е нешто многу важно. Дајте шанса на соговорникот да го возврати повикот.

7. Оставете кратка и јасна порака – не правете си муабет или не оставајте порака додека сте на раскрсница – голема е веројатноста дека тешко ќе ве разбере со таа галама во позадина.

Би можело да ве интересира:

Навидум обични фотки кои кријат мрачни приказни Сите знаеме за детонирањето на атомските бомби во Хирошима и Нагасаки, но дали с...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Перфекционизмот може да биде добар за вас на три начини Перфекционизмот најчесто е проследен со негативни ефекти врз вашето физичко и ме...
12 едноставни, но важни совети за среќен и исполнет живот Станете еден час порано - подобро да имате малку време за себе отколку панично д...
Најопасните аеродроми во светот - Предизвик се и за најискусните пилоти Многу кратки писти, аеродроми сместени до плажи полни со туристи – дури и на нај...
Скарабеј - симбол на вечна младост, кој е надвор од границите на просторот и времето, животот и смрт... Египќаните секогаш бараа инспирација во природата. Сè што се криело во природата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Никогаш не се изневерувај себеси. Никогаш не се ограничувај... следи ги особеностите на твојот дух кои те влечат...
Вероника Канингем