Најдете момче за Св.Валентин

Иако некои од нас одлучуваат на 14-ти февруари да го слават Св. Трифун, многумина сакаат да го прослават и Св. Валентин - денот на заљубените.

 

Затоа, доколку сеуште немате партнер - впуштете се во акција на барање на момче со кое ќе го поминете овој ден. Еве неколку места на кои можете да го најдете вашиот совршен партнер:

1. Кафуле

Нормално дека ова ви се чини како најочигледен и добро познат предлог, сепак е најдобриот. Можеби познанствата во некој бар или кафуле не ви се чинат како најидеални, сепак не се за потценување. Затоа наредниот пат кога ќе заминете на кафе со вашите пријатели или колеги, убаво погледнете околу вас - можеби вашето идно момче е поблиску отколку што сте очекувале.

2. Библиотекаnajdete-momce-za-sv-valentin1

Библиотеки, а посебно кафулиња кои во својот склоп поседуваат и 'мини книжара' од некоја посебна причина ги прави сите луѓе пријателски расположени, a најдобрата работа е тоа што момците кои работат таму се интелигентни и културни. Така, нареден пат обидете се да започнете разговор со некој кој можеби на прв поглед нема да ви се види посебно атрактивен, но подоцна да сфатите дека се работи за вистински интересна личност.

3. На работа

Додека некои девојки си создаваат правило никогаш да не се врзуваат со колеги, сепак во некои околности ова правило вреди да се запостави. Ако во вашата канцеларија нема никој кој можете да го замислите како ваше момче, тогаш слободно разгледајте по останатите департмани.

4. Он-лајн

MySpace и Facebook се само некои од порталите кои вас ви овозможуваат да најдете совршен партнер. Нормално секогаш постои ризик дека дека врската ќе ви заврши катастрофално, но таква шанса постои и дури ако ве спојат вашите најдобри пријатели.

5. На пријателски забави

Не ги одбивајте поканите на домашно дружење, дури и ако ви се чинат досадни. Не доаѓајте неуредни - никогаш не знаете на кого ќе наидете и кој се може да се појави.

6. Волонтерски активности

Волонтирањето е одличен начин да запознаете нови луѓе и веќе ќе имате одлична шанса да видите како тој се однесува кон другите и ќе имате можност да дознаете многу повеќе за него. Самиот факт дека се работи за волонтерство говори доволно за неговиот карактер за почеток.

7. Возови, автобуси, аеродроми

Без разлика што поседувате автомобил, ако со поминете повеќе време во автобус голема е веројатноста дека ќе се зближите со некој сопатник. Одберете да седнете некаде позади, бидејќи таму обично се наоѓаат луѓе кои се секогаш пријателски расположени.

8. Свирки во живо

Одењето на живи свирки не е исто како и заминувањето во кафуле. Атмосферата е одлична, музиката ќе го направи своето, а тоа е сосема доволно за да лоцирате симпатично момче со кое ќе можете да се забавувате вечерта.

9. Спортски натпревар

Вклучете се во некој нов спорт. Ако не сте физички подготвени за таква активност, тогаш посетете некој спортски натпревар каде што најверојатно ќе наидете на многу момчиња.

10. Било кое друго место кое е врзано со она што вие сакате

Иако некои велат дека спротивностите се привлекуваат, најлесно ќе најдете момче ако со него имате некое заедничко хоби, било да се работи за планинарење, танц, цртање, дегустација на вино, програмирање и сл.

Би можело да ве интересира:

„Катанец“ – секс поза која ќе ги излуди двајцата партнери (18+) „Катанец“ е една од многуте секс пози опишани во Кама Сутра, а која е наменета д...
Прашувам за пријател: „Го изневерив сопругот и првпат доживеав оргазам, веќе не сакам здодевен секс ... „Малку е веројатно дека некогаш со некого повторно ќе ја почувствувате истата во...
„Азиска каубојка“ – Секс поза која ветува брз оргазам кај двајцата партнери (18+) Оваа секс поза е слична на класичната каубојка, но различното поставување на ноз...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Палачинка“ – Секс поза која овозможува длабока пенетрација, а е идеална за утрински секс (18+) Ако сакате да го почнете денот со нешто слатко, зошто да не пробате „палачинка“?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
На светот има толку многу за сите нас само ако имаме очи да го видиме тоа, срце да го сакаме и рака да го собереме.
Луси Мод Монтгомери (1874-1942)