Вистини и лаги за депресијата

Постојано се трудите да излезете од некоја депресивна фаза, ама никако да ви појде од рака. Еве некои тврдења кои се однесуваат на оваа тема.



1. Депресијата е надвор од вашата контрола бидејќи се работи за хемиска нерамнотежа во вашиот мозок.

За некои луѓе ова е вистина, но добро е да се знае дека некои форми на однесување на (дружење, активности) можете да ги поттикнете со лачење на “позитивни” хормони и со тоа да ја промените хемијата во мозокот. На пример, познато е дека јадењето на чоколадо и на банана исто така ве преви посреќни.

2. Депресија е нешто од кое што патат само слабите луѓе

Ова е една од најголемите заблуди која сепак ги ги тера луѓето својата депресија да ја задржуваат во себе. Немојте да се срамите да побарате помош ако сте во депресија.vistini-i-lagi-za-depresijata1

3. Депресијата нема лек

Не е вистина. Депресијата е најчесто поврзана со самодоверба или некој стресен дел од животот. Помогнете си себеси со тоа што ќе ја изградите својата самодоверба и ќе го намалите вашиот стрес. Активно инволвирајте се во активности кои уживате да ги правите.

4. Со тек на време депресијата сама по себе поминува

Голема заблуда. Ако ја игнорирате депресијата нејзините симптоми ќе станат поизразени. Некои луѓе се навикнуваат да живеат во депресија мислејќи дека им поминала. Меѓутоа не морате да бидете депресивни без разлика што може и околностите да ви го наложат тоа; вие можете да бидете среќни секое утро.

5. Од терапија нема никаква корист

Можеби терапијата е баш она што ви треба да ве оправи. Голем број на депресивни луѓе се излекуваат со помош на психијатар или психотерапевт.

6. Депресијата може да се излечи без да се трудиш да ја излечиш

Можно е, ама многу е тешко. Добрите односи со другарите/другарките помагаат многу. Потпората е многу важна. Барајте пријателска поддршка и потпора. Посетете го своето семејство, активно дружете со позитивни лица или едноставно отворено разговарајте со партнерот за вашиот проблем и најдете заеднички излез.

7. Додека не ви помине депресијата треба да се изолирате

Повлекување во себе е само еден од симптомите на депресија, тоа не е лек за неа. Морате да излегувате без разлика колку ви е тешко.

Би можело да ве интересира:

Факти за хименот - Ако целосно ја покрива вагината, мора да се оперира, кај секоја жена има различна... Хименот кај жените и девојчињата речиси во сите светски култури се смета за глав...
Зошто растат влакна на бенките и дали е опасно да ги отстраните? Како на другите делови од телото, влакната се нормална појава и на бенките. Тие ...
„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“ „Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ...
Фебрилни конвулзии кај деца: Кои се причините, како да ги препознаете и како да реагирате? Ако сè се прави правилно и во консултација со лекар, фебрилните конвулзии кај по...
Болести кои предизвикуваат студени стапала (и кога треба да одите на лекар) Дијабетес, но и проблеми со тироидната жлезда - Кои здравствени проблеми предизв...
10 рани, предупредувачки знаци за мултипла склероза кои е добро да ги знаете Трнење на екстремитетите, проблеми со рамнотежата и замаглен вид… Трнење на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Кога една врата на среќата ќе се затвори, друга се отвора - но честопати толку долго гледаме во затворената врата, што не ја гледаме вратата што се отворила за нас.
Хелен Келер (1880-1968)