5 најмудри лекции

Најчесто споделуваме кратки мудрости но, ова се 5 кратки и слатки приказни кои сигурно ќе ви се најдат во животот, посебно ако работите.

5-najmudri-lekcii-koi-mora-da-gi-naucite-001.jpg

Прочитајте ги внимателно, кријат убава поента во позадина.

Прва деловна лекција

Само што завршила со туширање жената, мажот влегол во купатило, кога затропал некој на врата. По кратко натегање кој да отвори врата, жената попуштила, набрзина се завиткала во пешкир и отворила врата. Таму Перо, нивниот прв комшија.

- Комшике, ќе ти дадам 800 евра ако го симнеш тој пешкир.

Кратко размислувала, го разврзала пешкирот и застанала гола пред Перо.

Перо и дал 800 евра и заминал.

Збунета но и среќна заради приликата лесно да заработи толкави пари, жената се прибрала пак во пешкирот и се вратила назад.

- Кој беше? - Перо.

- Супер, ти спомна ли нешто за 800-те евра што ми ги должи?

НАРАВОУЧЕНИЕ: Доколку важните информации ги споделите со своите акционери, можете да спречите евентуални штети.

Втора деловна лекција

Додека се возел со својот автомобил, свештеникот здогледал калуѓерка покрај патот. Застанал, и понудил превоз, таа прифатила.

Седнала покрај него и ги прекрстила нозете откривајќи ги своите прекрасни колена.

По некое време, ја спуштил својата рака на нејзините нозе. Таа го погледнала и му рекла:

- Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм?

Свештеникот длабоко се извинил, ја повлекол раката, но, по некое време, повторно му отишла раката накај калуѓерката.

- Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм?

Тој уште еднаш се засрамил:

- Проштевајте сестро, телото е грешно.

Калуѓерката стигнала до манастирот а свештеникот продолжил до својата црква. Влегол и веднаш ја побарал Библијата за да се потсети на 129-от псалм. А тој гласи:

- Оди напред и барај, продолжи и ќе го спознаеш врвот на задоволството.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Ако не си доволно информиран за работата со која се занимаваш, можеш да пропуштиш сјаjни прилики.

Трета деловна лекција

Продавач, службеничка и нивниот директор отишле на ручек и на масата во ресторанот виделе стара лампа. Ја протриле и од неа излегол духот:

- Обично исполнувам три желби, а бидејќи вие сте тројца на сите ќе им исполнам по една.

- Јас сум прва! - извикала службеничката. - Сакам да сум на Карбите, да возам глисер и да имам куќа покрај море.

Пуф, веднаш исчезнала.

Гледајќи во чудо што се случило, изрипал продавачот.

- Јас сум сега! Јас сум сега!!! Сакам да сум на Тахити, да лежам на плажа со мојата лична масерка и да пијам коктели!

Пуф, веднаш исчезнал.

- Ти си на ред му рекол духот на директорот.

- Сакам откако ќе завршам со ручекот, овие двајца да ги видам вратени во канцеларија.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Секогаш пуштете го шефот да зборува прв.

Четврта деловна лекција

Oрелот по цел ден седел на гранка и не правел ама баш ништо. Го видел тоа зајакот и го прашал:

- Може ли и јас да седам така како тебе и цел ден ништо да не работам?

Орелот одговорил:

- Може, зошто да не?

И зајакот седнал на земја под орелот и почнал да дреме. Ненадејно се појавила лисицата, скокнала на зајакот и го изела.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Ако сакаш да не работиш ништо, мора да седиш многу, многу високo.

Петта деловна лекција

Седи гавран на гранка со парче леб во клунот.
Мине лисицата и сака да му го земе лебот, па го прашува:

- Знаеш ли кој се тепал во шумата?

Нема одговор

- Знаеш ли што е ново во шумата?

Нема одговор

- Знаеш ли кого секса шефот?

- Кого? Извикал гавранот и нормално му паѓа лебот од клунот и лисицата му го зема

НАРАВОУЧЕНИЕ: Никогаш не прашувај кого секса шефот, за да не останеш без леб.

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Мудроста на животот се состои од елиминирање на небитното.
Лин Јутанг (1895-1976)