Милица (ОТ) се враќа во форма

milica-ot-se-vraka-vo-forma-povekjeСамо еден месец откако се обиде да изврши самоубиство, пејачката и поранешна учесничка на шоуто Операција Триумф, Милица Мајсторовиќ, се насочи кон...

 

...нови победи.

Милица по тешката депресија, која наводно беше резултат на тоа што луѓето од Emotion не сакаат да го објават нејзиниот албум првенец, реши да продолжи сама да ја гради својата кариера.

Иако во еден момент таа беше решена да си го одземе животот заради кариерата, тие денови се зад неа и веќе посетила неколку композитори за да ги чуе песните кои се сработени за неа.

Оваа вест ја потврдил и композиторот Александар Кобац: “Да, Милица беше кај мене и направивме неколку песни. Ќе видиме што ќе работиме понатаму“.

Милица најверојатно ќе ја продолжи својата кариера без Emotion исто како и нејзиниот колега Сајко.

За ситуацијата во која се наоѓа Милица, Маринела Квапил, одговорна за односи со јавност од оваа продукциска куќа вели:

Ние ништо не им ветувавме на учесниците на ОТ, а најмалку дека на сите ќе им снимиме по едно ЦД. Тоа би значело дека куќата ја финансира самиот Бил Гејтс, што не е така. Затоа постои реалното шоу, каде постои натпревар меѓу учесниците кои се борат за победа, а најдобриот добива албум од нашата куќа“.

milica-ot-se-vraka-vo-forma

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Кога срцето плаче по тоа што го загубило, душата му се радува на тоа што го нашла.
Непознат автор