Што сакате да работите?

otkrijte-sto-sakate-da-rabotite-povekjeНекои луѓе дознаваат што сакаат да работат многу рано. Најчесто се одлучуваат да ја градат кариерата како на своите родители. Други ги откриваат...

 

...своите амбиции во средно училиште или подоцна. Иако многу луѓе можат да изберат кариера, важно е да знаете дека можеме да ја менуваме професијата кога и да посакаме.

Иако многумина се чувствуваат заробени во својата кариера заради финансиски или други причини, вреди на кратко да застанете и да ја процените ситуацијата.

Одговорете на овие прашања:

  • Што би уживале да работите дури и да не ве плаќаат?
  • Што би можеле да работите секој ден без да ви здосади?
  • Кога ќе ја замислите таа професија, дали ви доаѓа насмевка на лицето?

Овие чекори ќе ви помогнат да ја идентификувате вашата идеална кариера:

otkrijte-sto-sakate-da-rabotite

1. Наведете неколку професии кои ви се привлечни. Ако не можете да се сетите на ниту една, запишете го она што навистина сакате да го работите.

2. Пронајдете информации кои ја опишуваат таа кариера.

3. Ако имате повеќе на листата, откако ќе ги истражите поубаво елиминирајте ги оние кои веќе не ве интересираат.

4. Откако ќе имате скратен попис, разговарајте со луѓето кои се вработени во тие професии. Прашајте ги се што ве интересира за да добиете лична перспектива за кариерата.

5. Продолжете да проценувате и да го скратувате пописот се додека немате доволно податоци за да се одлучите за вистинската кариера.

Колку повеќе знаете за професијата која ве интересира, толку подобро ќе знаете дали навистина сакате да го работите тоа.

Би можело да ве интересира:

Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Сè се врти во круг. Сите сме одговорни за сопствените дејства. Ќе ни се вратат.
Бети Лавердур