Пандора и Пандорината кутија

prikaznata-za-pandorinata-kutija-povekjeСигурно сте чуле за приказната за Пандорината кутија, која всушност е приказна за настанувањето на светот. Според митологијата, додека постоеле...

 

...боговите, врховниот бог Зевс им ја доделил задачата на Прометеј и Епиметеј да создадат луѓе.

prikaznata-za-pandorinata-kutija

Најпрво Епиметеј ги создал животните, па го повикал својот брат да додаде и тој нешто. Прометеј го создал човекот сличен на боговите.

На Зевс не му се допаѓало тоа што луѓето наликувале на боговите, па се одлучил нешто да промени.

За да не ги меша двајцата браќа кои ги создале првите луѓе, побарал од својот син Хефест, кој бил ковач, да искова жена. Така настанала Пандора.

Била преубава, љубезна и весела. Зевс ја ветил за Епиметеј, кој лесно се заљубил во неа, а Зевс како свадбен подарок им дал кутија полна со болести, недостатоци, патење, злоба и слични неубави работи.

Ниту Пандора, ниту Епиметеј не знаеле што се крие во кутијата, а Зевс со насмевка им наредил никогаш да не го отвораат тој подарок.

Љубопитната Пандора не можела да одолее, и кога ја отворила кутијата сите зла се разнеле по Земјата.

Се обидела да ги врати назад, но не успеала. Останале само надежта и копнежот.

Е сега, кој е виновен за злата на земјата – мажите или жените?Wink

Би можело да ве интересира:

Нов тренд на Инстаграм: Романтична фотосесија на зајдисонце на Санторини со летечки фустани Романтичен поглед на Санторини, раскошен фустан кој лебди над белите куќички со ...
8 знаци дека сте силна личност (дури и кога не верувате во тоа) Силната личност гледа на промените како можност за раст, за нов чекор ...
На 8 години останала без едно око, а денес е една од најубавите жени во БиХ – Неверојатната приказна... „Недостигало милиметар да го изгубам другото око, милиметар за да не ми биде ниш...
Необичен феномен: Семејство од Турција оди на раце и нозе, наместо исправено Во руралниот дел на јужна Турција има семејство чие членови не одат исправено, т...
Крадела бебиња од сиромашни родители, па им ги продавала на богаташи: Која била Џорџија Тан? Џорџија Тан од САД крадела бебиња од паркови, автомобили, па дури и болници, а п...
Како и зошто стриповите станаа мејнстрим? Стриповите и нивните суперхерои во последниве години доживуваат вистинска експан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Мислам дека овие тешки времиња ми помогнаа да разберам подобро од порано дека животот е полн со изобилство и убавина и дека многуте работи за кои се грижиме немаат никаква важност.
Исак Динесен (1885-1962)