Навики за успешен фитнес

Летото полека но сигурно се приближува, а со него стигнуваат и подготовките за добриот изглед во се' помалку парчиња облека. Некои од вас...

 

... ќе се одлучат за диети, а некои ќе одвојат повеќе време и труд па на внимавањето на исхрана ќе му додадат и фитнес.

Доколку ова е вашиот избор, погледнете ги основните и едноставни принципи за успешна реализација на оваа активност:

1. Мотивација
Понекогаш најтешко е воопшто да се натерате да почнете со вежбање. Без разлика дали вам ви не ви се допаѓа она што го гледате во огледало, дали колегата од работа изгледа подобро од вас или едноставено ве оставил партнерот/партнерката поради по атрактивна личност, мора да имате добра причина за вежбање.

2. Поставете си цел
Што сакате да постигнете - да изгубите килограми, да ги намалите масните наслаги, зајакнување на мускулатурата и сл. и држете се до тоа. Јасно дефинирајте ги вашите цели. Што појасно ги дефинирате, полесно ќе ги остварите.  Исто така, не е лошо да направите и краткорочни цели. На тој начин можете да проверувате дали сте на добар пат.

naviki-za-uspeshen-fitnes


3. Желба
Доколку немате желба и воља за промени и вежбање, тогаш се понатаму нема смисла.

4. Навика
Претворете го одењето во теретана во навика. Направете план кои денови ќе вежбате и не отстапувајте. На тој наччин нема да размислувате дали да останете и да гледате Шехерзад или ќе отидете во теретана.

5. Погледнете се во огледало
Иако звучи смешно, додека вежбате следете ги промените на вашето тело и забележувајте дали сте напредувале. Секоја забелешка е мотив плус да продолжите со тоа темпо.

6. Јадете и одмарајте доволно
Доколку напорно вежбате, нешто мора да смените и на во делот за релаксација и исхрана.

7. Следете го напредокот
Покрај одразот во огледалото, мерете ја тежината, брзината на движење и вашата издржливост и запишувајте. На
тој начин ќе имате цврсти докази за она што го остварувате. Ќе бидете задоволни со себе, а другите ќе го забележуваат тоа.

Би можело да ве интересира:

Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...
Трик за спиење развиен во војска: Како да заспиете за 2 минути? Со работните, семејните и социјалните обврски, може да биде тешко да го смириме ...
Го подобрува расположението и уште 4 придобивки од кромидот Знаевте ли дека кромидот може да делува како природен антихистамин кај некои луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Само животот што се живее заради другите е вреден за живеење.
Албер Ајнштајн (1879-1955)