Големи брачни мудрости

bracni-vicovi-povekjeДраги посетители, да се посмеете додека не сте дошле во таа ситуација. Големи брачни мудрости, некои кажани од мажи, а некои од жени, но сите вистинити:

 

Маж му вели на пријател:
- Мојата сопруга е ангел!
Пријателот:
- Мојата е сеуште жива.

Имаш два избори во животот:
Можеш да останеш немажена и да се чувствуваш бедно,
или да се омажиш и да посакаш да си мртва.

На некоја коктел забава една жена и рекла на друга:
- Па, ти ја носиш бурмата на погрешниот прст!
- Да, затоа што се омажив за погрешен човек!

Некоја жена дала оглас во весниците:
- Барам маж
Следниот ден добила стотина писма.
Во сите пишувало: Можеш да го земеш мојот.

Кога некоја жена ќе ти го земе мажот,
нема подобра одмазда отколку да и го препуштиш.

Животот на жената е непотполн додека не се омажи.
Тогаш е докрајчен.

Синот го прашува таткото:
- Дали е вистина дека во некои делови на Африка, младоженецот не ја познава невестата се додека не се ожени?
Таткото:
- Сине мој, така е во сите земји.

Синот го прашува таткото:
- Тато, колку чини женидба?
Таткото:
- Не знам сине, јас уште ја плаќам!

Некоја жена рекла:
- Не знаев за вистинска среќа се додека не се омажив, а тогаш беше предоцна.

Жените никогаш нема да бидат рамноправни со мажите,
се додека не излезат на улица ќелави и со пивкси стомак.

Бракот е триумф на фантазијата и интелигенцијата.

Ако сакаш сопругот внимателно да го слуша секој збор што ќе го кажеш,
зборувај во сон.

 

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Имам 33 години и невина сум, кога е најдобро да се заг... „Јас имам 33 години и сè уште сум уште невина, дали е ова штетно за женското здр...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
Бон-тон правила во сексот, што секој културен маж треба да ги знае (18+) Не избрзувајте да ги покажете сопствените вештини, бидете искрени за тоа што ви ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Надежта е мостот што нé води подалеку од губитокот и неуспехот.
Шарлота Греј