Непроценливи животни лекции

neprocenlivi-zivotni-lekcii-povekjeНекои работи во животот едноставно немаат вредност. Велат дека добриот совет- злато вреди. Ние ќе споделиме неколку мудри совети кои би било убаво да...

 

...ги применувате во животот. Можеби за вас ќе имаат непроценлива вредност.

1. Заборавете на сите неважни бројки, вклучувајќи ги годините, тежината и висината. Оставете докторите да се погрижат за тоа. Затоа и им плаќаме.

2. Задржете ги само веселите пријатели. Мрзеливите и песимистите само ве влечат надолу. (имајте го ова на ум и ако сте еден од нив)

3. Продолжете да учите. Научете повеќе за компјутерите, занаетите – било што. Никогаш не го чувајте мозокот „невработен“.

neprocenlivi-zivotni-lekcii-2

4. Уживајте во едноставните нешта. Малите нешта се најзначајни во животот.

5. Смејте се често, долго и гласно. Смејте се додека не останете без здив. И ако имате пријатели кои често знаат да ве насмеат, поминувајте многу, многу време со нив.

6. Солзите се случуваат. Преболете, тагувајте и одете понатаму. Единствена личност која е со нас целиот живот сме самите ние. Живејте додека сте живи.

7. Опкружете се со работи кои ги сакате. Без разлика дали е тоа семејството, миленичињата, музиката, билките, хоби – било што.

neprocenlivi-zivotni-lekcii-1

8. Чувајте го своето здравје. Ако е добро – сочувајте го. Ако е нестабилно, подобрете го. Ако е надвор од она што може да го подобрите, побарајте помош.

9. Не барајте си ја бељата свесно. Ако знаете дека нешто не треба да правите, немојте да се вовлекувате без потреба во непријатни ситуации.

10. Кажете им на луѓето кои ги сакате „ве сакам“ секогаш кога имате можност.

Би можело да ве интересира:

Готвење vs. достава, чистење vs. ангажирање хигиеничарка: Колку животот денес е поинаков од порано, ... Храната ни ја носат дома, за викендите сакаме да се одмориме наместо да чистиме,...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Била опседната со секс, спиела со 300 мажи - Детали за бурниот љубовен живот на Катерина Велика Обожавала еротски масажи, а сопругот ѝ бил еден вид макро. Ретко кој можел да ги...
Стјуардеси ги откриваат петте највалкани места во авионот Помошните масички кои се наоѓаат на седиштето честопати се користат за јадење ил...
Каде треба да ги чувате златните рипки за да ви донесат среќа и благосостојба, според Фенг Шуи Златните рипки отсекогаш биле симбол на богатство и благосостојба. Колку рипки т...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Само животот што се живее заради другите е вреден за живеење.
Албер Ајнштајн (1879-1955)