Филм: Чистилиште на душата

film-cistiliste-na-dusata-povekjeИлија Пиперкоски e филмски режисер,  дипломиран на Националната Филмската Академија “Јон Лука Караџиале”- Букурешт, Романија. Моментално е запишан...

 

...на на постдипломски студии во рамките на истата академија во која што и асистира кај светски познатиот филмски режисер, Дан Пица, кој е добитник на голем број главни филмски награди.

film-cistiliste-na-dusata-1

До сега има режирано повеќе кратки и документарни филмови, со кои  учествувал на многу реномирани филмски фестивали ширум светот и каде што има добиено значајни признанија и награди. Едно од тие признанија е 2-та главна награда за најдобро сценарио за игран филм која ја освои на филмскиот фестивалот Браќа Манаки – Битола 2009.

Пред неколку години има снимено краток филм во кој главните улоги ги толкуваат: Игор Џамбазов, Тони Михајловски, Рубенс Муратовски, Васил Шишков и Никола Кумев.

Во моментов работи на проектот кој почна да го реализира на почетокот од оваа година и неговата премиера ќе биде на 24-ти декември во Охрид. Всушност се работи за документарен игран филм во траење од 1 час и 15 минути за празникот Богојавление - Водици кој се случуваше во Охрид на 19-20 Јануари 2010. Целта на овој филм е да ја афирмира оваа македонска православна традиција, како и масивноста на прославувањето на самиот празник која е исклучително уникатна само за Охрид и Македонија.

Неговата почетна идеја била да го прикаже прославувањето на овој празник, а воедно и нашата култура и традиција на фестивалите ширум светот и да биде пример за другите православни земји, што значи да се живее за овој празник и масовно да се прославува. Но, за време на снимањето, менталитетот и карактерактерот на македонскиот народ, посебно на охриѓани, филмот го насочиле кон еден поинаков правец кој ќе имате можност да го откриете наскоро на премиерата.

Филмот е во негова  сопствена продукција (Pandora's Box Production). Илија е потпишан  како продуцент и режисер. За снимањето се ангажирани едни од најдобрите шест камермани од Романија, а исто така пост-продукцијата е направена во Романија.

film-cistiliste-na-dusata-2

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Еден единствен збор кој смирува е подобар од илјада бескорисни зборови.
Дамапада