Наполнете ги батериите

napolnete-gi-bateriite-povekjeВо моментите кога сте исцрпени најважно е повторно да ги наполните батериите за да го избегнете хроничниот умор, падот на имунитетот и останати...

 

...сериозни последици по здравјето.

Ова се 5 совети како побрзо да ја вратите загубената енергија:

napolnete-gi-bateriite

1. Полека со кофеинот. Денот најчесто го започнувате со кафе, а без попладневната доза не можете ниту да го завршите денот на нозе?

Вистина е дека после една или две шољи ќе се чувствувате подобро, но тоа е максималната доза која телото може да ја прифати во текот на еден ден.

Предозирањето со кафе доведува до нервоза и никако не се сложува со уморот.

2. Прошетка. Ништо не може да ја надомести дозата свеж воздух и кислород. Искористете ја кратката пауза на работа за да се прошетате.

Дишете длабоко и ќе имате сила за новите обврски. Истото направете го и кога ќе ве совлада уморот дома.

3. Насмејте се. Гласно. Ќе се ослободите од тензијата и негативната енергија, а истовремено ќе ги активирате мускулите и ќе направите пријатна атмосфера околу вас.

4. Ефикасна дремка. 10 минути се сосема доволни за да ги наполните батериите до крајот на денот. Замижете. Предолго попладневно спиење е контрапродуктивно.

5. Исчистете го носот. Блокираните дишни патишта го ограничуваат количеството воздух кое допира до телото. Пред спиење исчистете го носот и ќе се разбудите одморени

Би можело да ве интересира:

Што е атаксија-телангиектазија, болеста со којашто се бори нашиот херој Кико? Атаксија-телангиектазија е ретка наследна болест која се карактеризира со слаба ...
Дали сте хипохондрици и ги „имате“ сите болести на светов + Како се третира оваа состојба? Претераната грижа за здравјето без причина, до тој степен што предизвикува анкси...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...
Испукани капилари на лицето: Сѐ што треба да знаете и како да ги третирате Испуканите капилари на лицето не се ретка појава, но бидејќи не изгледаат најдоб...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Кои се симптомите на конго-кримската хеморагична треска и во кои држави, покрај Македонија, е присут... Периодов во Македонија се забележани три случаи на конго-кримска хеморагична тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Од успехот добиваш многу нешта, но не најважното нешто во душата кое ти го носи љубовта.
Семјуел Голдвин (1879-1974)