Јадете риба за долг живот

jadete-riba-za-dolg-zivot-povekjeЛекарите и стручњаците за здрава храна ги повторуваат препораките дека на трпезата треба да имаме што почесто риба како извор на минерали и витамини.

 

Како пример ги наведуваат Јапонците и жителите на морските земји, бидејќи тие во исхраната често користат риба па во просек и живеат подолго и имаат помалку проблеми со малигни и кардиоваскуларни заболувања.

jadete-riba-za-dolg-zivot

Кога ќе се погледнат кампањите на големите (и малите) современи фармацевтски компании, сите препорачуваат таблети или капсули со Омега – 3 масни киселини.

Иако современите лекови и препарати се богати со потребните витамини и минерали, сепак најздраво е да се внесат во организмот на природен начин, со природна и здрава храна. Затоа, потребно е да се јаде риба неколку пати неделно за да внесеме доволно хранливи и лековити состојки.

Што содржи месото и маслото од риба?

Она што рибата ја прави посебна е фактот дека содржи малку калории, а многу корисни материи потребни на организмот.

Наведуваме некои важни состојки во рибиното месо: бакар, белковини, витамини од Б комплексот, железо, јод, калиум, калциум, натриум, незаситени масни киселини, протеини, селен, цинк.

Како делува месото од риба на нашето здравје?

Докажано е дека месото од риба и рибиното маслио како составен дел на редовната исхрана го намалува ризикот од инфаркт, смртноста од инфаркт, ги штити коските, спречува појава на рак и го успорува процесот на стареење.

Наведуваме некои болести и тегоби на кои рибиното месо делува како лек: акни, анемија, анксиозност, болести на крвните садови, болести на срцето, дебелина, губиток на помнење, депресија, импотенција, имунодефициенција, некои видови рак, неплодност, несоница, остеопороза, зголемен крвен притисок, ПМС синдром, проблеми со кожата, проблеми во менопаузата, проблеми во бременоста, синдром на хроничен умор, намалени триглицериди во крвта, намалени липиди во крвта, стрес, го успорува стареењето.

Покрај тоа што рибата спаѓа во здрава храна, кај некои луѓе се јавува преосетливост на рибиното месо, па тие би требало да избегнуваат риба во исхраната.

Во такви случаи треба да се посоветуваат со лекар на кој начин да ги внесат неопходните хранливи материи во организмот.

Рибата треба често да се внесува како храна, покрај останатото и затоа што организмот не може да ги синтетизира полинезаситените масни киселини, туку треба да се внесат со исхрана.

Во случај на тешки заболувања или неправилна исхрана, како краен случај, се советуваат таблети или капсули со овие киселини како додаток на исхраната.

Би можело да ве интересира:

Работи што треба да ги знаете за хемороидите, а за кои се срамите да прашате Помалите хемороиди поминуваат сами од себе за неколку дена, а можат да се јават ...
Што е предсемена течност и може ли да се забремени од неа? Предсемената течност се лачи за да ги подготви органите за оплодување и мажот не...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Што е тоа Хепатит Ц, како да откриете дека го имате и може ли да се излечи? Може да поминат месеци додека заразените со Хепатит Ц откријат дека го имаат, за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не плаши се дека животот ќе ти заврши. Плаши се дека нема никогаш ниту да почне.
Грејс Хансен