Имајте катче само за себе

imajte-katce-samo-za-sebe-povekjeКога сме заљубени, размислуваме само за тоа како да бидеме заедно. Но, потребно е да се има свој простор, без разлика колку го сакаме партнерот.

 

Вие го обожавате, а тој е луд по вас. Тоа е супер. Уживате кога сте заедно. И тоа е супер. Но, тешко дека ќе ви биде убаво 24 часа дневно да бидете во ист, прилично тесен простор - во недостаток на можност за нешто подобро, бидејќи многумина од нас живеат во мал станбен простор.

imajte-katce-samo-za-sebe

Ако сте постојано затворени во истиот простор, луѓето почнуваат да меѓусебно да си пречат, а тоа нема поврзаност со тоа колку се сакаат или поднесуваат. Добро е да сме свесни за тоа и да се погрижиме да имаме свој простор.

Што се однесува до тоа, колку време и простор ни е потребно, тоа е индивидуална работа.

Има луѓе на кои им е доволно петнаесет минути сами да прошетаат на свеж воздух, а некому му треба значително повеќе време. Колку и да ви треба време, имајте го ова на ум кога  се решавате за заеднички живот со партнерот.

На многумина, кои не можат да бидат почесто заедно, ова им е незамислива  идеја, но само во почетокот.

Подоцна, има повеќе работи кои почнуваат да им пречат, да ги нервираат, па неретко избиваат кавги за ситници. За да не дојде до ова, дозволете си свое катче и свое време.

Што да правите со тоа соло време и каде? Се што сакате, таму каде што сакате (да не претеруваме сега... неморални и незаконски работи не доаѓаат во предвид).

Отидете некаде на прошетка, видете се со пријатели, изгледајте некој филм... Нешто што правите со задоволство, нешто што ќе ви ги наполни батериите, па со саканата личност ќе ви биде уште поубаво.

Би можело да ве интересира:

Adidas патики, дизајнерска облека – Како да разликувате оригинали од евтини копии? Како да знаете дека часовникот што го купувате е оригинал, а не евтина копија? Н...
За училиште, градинка, роденден: Едноставни фризури за вашите ќерки (видео) Плетенки како Елса, коњски опавчиња, панделки и многу пеперутки – вашите мали пр...
7 знаци дека сте токсична личност (и како да го промените тоа) Никогаш не сте среќни за другите и никогаш не преземате одговорност за вашите по...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
9 сурови вистини за животот што треба да ги прифатите (за да бидете вистински среќни) „Најтешко е да останете фокусирани на соништата, а најлесно е постојано да се жа...
Морничаво: Мажи кои си ги убиле сопругите на медениот месец Мишел Еското ја убил сопругата на медениот месец само за да ги земе парите од не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Фрли го своето срце пред себе и трчај напред да го фатиш.
Арапска поговорка