5 работи кои не ви се потребни


5 работи кои не ви се потребни

5-raboti-koi-ne-vi-se-potrebni-vo-zivotot-povekjeВо животот треба да се научиме да ги двоиме работите на важни и неважни. Да знаеме да утврдиме кои се нашите приоритети. Кој навистина треба да го цениме...

 

...и кој заслужува да биде дел од нашиот живот. Но, постојат и некои нешта во животот кои навистина не ви се потребни.

Овие 5 се типичен пример:

5-raboti-koi-ne-vi-se-potrebni-vo-zivotot

1. Љубоморна пријателка/пријател. Пријателка која потајно се радува на вашиот неуспех, а вашиот успех ја боли еднакво како и нејзиниот неуспех. Овие „пријатели“ најчесто само ви го отежнуваат животот. Научете како да ги препознавате и да ги избегнувате.

2. Секојдневен стрес и нервоза. Освен што не ви се потребни вакви маки во секојдневието, штетни се и за вашето здравје. Потрудете се да ги избегнувате стресните ситуации или научете како да се справувате со нив. Нема да биде крај на светот ако ве нервира некој на работа, дома, сте паднале испит или сте се скарале со партнерот.

3. Дечко/девојка која ве уништува. Партнер кој ве нервира секојдневно, не ве цени ниту вас ниту вашите одлуки и постапки во животот. Љубоморни сцени, оправданија, ограничена слобода – ако се наоѓате во некоја од овие ситуации, време е да тргнете во потрага по нов партнер.

4. Бели влакна на косата. Девојки, не дозволувајте да изгледате несредени само затоа што ве мрзи да си купите боја за коса и да се офарбате. Нема потреба да шетате со бел корен од 10 сантиметри.

5. Непотребни трошоци. Направете план за она што навистина ви е потребно и не ги трошете парите за непотребни нешта.

Би можело да ве интересира:

4 типови на ментални делузии кои настанале поради телевизијата, интернетот и филмовите Кога бевме мали често слушавме како родителите нè караат да излеземе надвор и да...
Како започнува пролетта во различни земји низ светот? Пролетта во различни земји низ светот започнува на многу различни и интересни на...
Правила до кои треба да се придржуваат жените над 40 за да ги шармираат мажите Стандардите за убавина и привлечност се менуваат како што поминуваат годините, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg

Најнови игри

Јас сум една од оние личности кои едноставно не можат а да не најдат задоволство во животот, па дури и кога ќе се случи нешто лошо.
Поли Адлер (1900-1962)