Шакира и Стинг во Белград

sakira-i-sting-vo-belgrad-povekjeАко сте обожаватели на Шакира или на Стинг, ова ви е шансата да посетите нивен концерт. Никогаш поблиску – и двајцата ќе настапуваат во Белград.

 

Концертот на Шакира е закажан за 9ти мај 2011, а на Стинг на 8 јуни 2011. Шакира својот настап во Србија ќе го одржи во склоп на светската турнеја на која го промовира својот албум Sale El Sol.

Вистински спектакл ќе биде и концертот на Стинг кој на турнејата под наслов Simphonicity,  ги изведува своите најголеми хитови следен од симфониски оркестар.

Картите ќе се најдат во продажба на 25 февруари. Сега имате и причина зошто да штедите.Wink

sakira-i-sting-vo-belgrad

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Подобро да веруваш и да бидеш разочаран, и да ја одболуваш таа доверба и тоа разочарување, отколку да се сомневаш во нечие срце, кое, ако си му верувал, би било благословено со вистинска верба.
Франсис Ен Кембл