Медитација за почетници

meditacija-za-pocetnici-povekjeАко никогаш не сте медитирале, а имате желба и празен џеб, следете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат да ја направите медитацијата како што треба:


meditacija-za-pocetnici

1. Пронајдете мирно место на кое никој нема да ве вознемирува. Ослободете го умот од сите грижи и стрес што се насобрале во текот на денот. Запалете миризливи стапчиња и свеќи. Еднаш кога сте создале пријатна атмосфера, седнете на перница и исправете се. Многу е важно во текот на медитацијата да ви биде пријатно, сепак, потрудете се да останете будни.

2. Затворете ги очите и длабоко вдишете на нос, фокусирајќи се на протокот на воздух. Издишете и ослободете ги насобраните тензии. Одморете неколку минути и фокусирајте се на повторување на оваа вежба сè додека во потполност не го прочистите својот ум.

3. Доколку во вашиот ум се појават мисли, немојте да се борите со нив. Затоа што тоа ќе резултира со појава на нови мисли и ќе ве доведат до размислување. Наместо тоа, обрнете внимание на чувството како воздухот поминува низ вашите бели дробови.

4. Со секое вдишување, вдишете повеќе одошто сакате, отпуштајќи ги негативните мисли или енергија со секое издишување. Совршенство се постигнува со вежбање, затоа повторувајте ја вежбата секојдневно. За опуштење ќе ви бидат доволни само 15 минути.

Би можело да ве интересира:

Едноставна вежба за дишење што го намалува ризикот од Алцхајмерова болест Ново истражување покажало дека едноставна вежба за дишење можеби го намалува риз...
Остеопороза или „тивка болест“: Причини за појава, симптоми и совети за третирање Редовното и правилно вежбање може да ги зајакне коските, а долгото седење и недо...
6 причини за утринска мачнина кои не се бременост Ниското ниво на шеќер во крвта, но и анксиозноста можат да предизвикаат утринска...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Зошто се појавува и како се лекува тахикардијата - Дали нетретирањето на овој проблем може да го ошт... Срцето силно ви чука, имате вртоглавица, болка во градите и чувствувате гушење? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Штом ќе почнеш да веруваш во себе, ќе знаеш како да живееш.
Јохан Волфганг Гете (1749-1832)