Облог

Една средовечна жена отишла во главната Канадска Банка носејќи огромен куфер со пари.

oblog.jpg

Таа инсистирала да зборува со претседателот на банката во врска со отварање на сметка, бидејќи, „се работи за многу пари!“.

После неколку минутно нагодување, вработените на банката конечно ја пуштиле во канцеларијата на претседателот (потрошувачот е секогаш во право, нели!). Претседателот на банката ја запрашал колку пари би сакала да заложи.
- $165.000 долари, одговорила жената и ги истурила парите на неговото биро.

Претседателот нормално, бил многу љубопитен од каде дошла жената до толку многу пари и ја запрашал „Госпоѓо, изненаден сум што шетате наоколу со толку многу пари во вас. Како дојдовте до овие пари?“

„Правам кладби“ - му одговорила жената.

„Кладби? Какви кладби?“ - прашал претседателот.

Жената го предизвикала, „епа, на пример, ајде да се кладиме во $25.000 долари дека вашите мадиња се коцкасти.“

„Хахахаха“, се изнасмеал претседателот, „Тоа е глупава кладба. Никогаш нема да добиете таква кладба!“

Жената била упорна, „Добро, значи, ја прифаќате мојата кладба?“

„Секако“, одговорил претседателот. „Се кладам во $25.000 долари дека моите мадиња не се коцкасти!“

Жената на тоа реплицирала, „Добро, но бидејќи се работи за многу пари, може ли да го донесам мојот адвокат утре во 10.00 часот наутро како сведок?“

„Секако дека може“, одговорил претседателот сигурен во себе.

Таа ноќ, претседателот станал многу нервозен во врска со облогот и поминал долго време пред огледалото проверувајќи си ги мадињата од сите страни. Детално ги прегледал и бил дефинитивно сигурен дека нема шанси да му се коцкасти и дека ќе го добие облогот.

Следното утро, точно во 10.00 часот наутро, средовечната жена се појавила со својот адвокат во канцеларијата на претседателот на банката. Таа го запознала адвокатот со претседателот и го повторила облогот. „$25.000 долари дека мадињата на претседателот се коцкасти!“

Претседателот се согласил повторно со облогот и жената го замолила да ги спушти пантолоните со цел сите да можат да видат. Претседателот се согласил.

Жената гледала од блиску и го запрашала доколку може да ги почувствува. „Па, добро“ рекол претседателот, „сепак $25.000 долари се многу пари, па претпоставувам треба да бидеш целосно сигурна.“

Токму во тој момент, забележал како тивко адвокатот си ја удира главата од ѕидот.

Тогаш претседателот ја запрашал жената, „Што е проблемот со твојот адвокат?“

„Ништо, освен што се обложив со него во $100.000 долари дека денес во 10.00 часот наутро ќе ги имам мадињата на претседателот на Канадската Банка во мојата рака“, одговорила жената.

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Секоја криза е можност за наше повторно раѓање, наше повторно зачнување како личности, можност за избор на промената која ќе ни помогне во созревањето и чувството на исполнетост.
Нена О`нил