„Уловете“ маж во 20 чекори

kako-da-quloviteq-maz-vo-20-cekori-povekjeКолку и да е возбудливо, заведувањето на многумина им задава главоболки. Ако не сте стручњак на полето на љубовните игри, секогаш можат...


...да послужат мали тактитки со кои ќе го привлечете вниманието на спротивниот пол.

Една од најголемите предрасуди е онаа дека мажите се вистински предатори и ловци, додека жените се поповлечени и ретко кога превземаат иницијатива или го превземаат првиот чекор.

Тоа и не е потполно точно со оглед дека всушност  жените се тие кои со своето однесување и ситните гестови им праќаат сигнали на оние што ги привлекуваат.

Со цел да запознаете, а потоа и освоите некој згоден „примерок“ од машкиот род, или пак да ги фокусирате погледите на потенцијалните партнери во своја насока, испробајте ја најновата тактика со помош на која од ден на ден во следните дваесет дена ќе ги учите тајните на занаетот и ќе станете искусна заводничка.

kako-da-quloviteq-maz-vo-20-cekori-1

1) Извежбајте го секси манекенското движење за да стане вашиот од попривлечен. Така уште на „прва топка“ ќе ги добиете симпатиите од машкиот род.

2) Кога флертувате со мажите разговарајте со нежен, мек глас и немојте да се двоумите да ја оставите својата e-mail адреса.

3) Сами себе бидете си предизвик: Дајте му на некој згоден непознат маж визит карта и шепнете му на уво да ви се јави.

4) Ако првите чекори и почетната трема успешно се совладани, исчекорете напред и на следниот маж кој ќе ви се допадне оставете му го бројот од мобилниот.

5) Продавниците со машка роба се вистинска мека за секоја осамена убавица. Одберете припиена маица и замолете некој згоден тип да ја проба, затоа што вашиот брат има роденден, а вие мора да видите како стои маицата пред да ја купите. И нема врска ако вашиот брат е со сосема други пропорции.

6) Со храбар потег дајте и до знаење на симпатијата дека сте заинтересирани. Пратете му пијалак, или некој секси десерт на маса. Верувајте, реакцијата нема да изостане.

7) Здивнете еден ден и сумирајте ги резултатите. Размислете што повеќе ви одговара и како би настапиле во иднина.

8) Случајноста раѓа неброени ситуации и можности. Затоа „случајно“ налетајте на некој секси тип во продавница, а кога вашето тело ќе го допре неговото повлечете се и љубезно извинете се!

9) Организирајте излегување на крајот од работната недела со соработниците и погрижете се таму да има и по некој згоден колега или пак секој нека повика некој свој пријател. Тоа е добра можност за запознавање нови луѓе.

10) По два дена јавете им се на сите со кои се запознавте и заблагодарете им се за доаѓањето. Така можете да му оставите број на оној што ви се допаѓа и да му дадете шанса да ве повика да излезете.

kako-da-quloviteq-maz-vo-20-cekori-211) Почнете да излегувате на нови места. Не само што ќе имате можност да запознаете нови луѓе туку на нова територија многу полесно се прави првиот чекор кон некој што ќе ви се допадне.

12) Приредете коктел забава и викнете неколку пријатели. Секого замолете го да донесе некој непознат со себе...и ете прилика!

13) Не морате да бидете страстен фудбалски навивач, но малата информираност околу тековните спортски манифестации е добра почетна тема за разговор со секој фраер.

14) Запишете се на курс по кикбокс или зачленете се во локалната теретана. Кога веќе трагате по згодни фраери, спортските собиралишта се најдобрите места каде можат да се пронајдат згодни дечки.

15) Слободно флертувајте со келнерите или соседите во лифт. Така ќе ја развиете вештината на дијалог со спротивниот пол.

16) Покрај привлечниот од, мажите ги привлекуваат и жени кои не се срамат да ги гледаат право во очи. Само напред, а со погледот упатете му и заводлива насмевка!

17) Мажите лесно се обесхрабруваат кога ќе видат многу жени на куп. Затоа развијте тактика на приоѓање, со најдобрата пријателка излегувајте заедно и взаемно помагајте си!

18) Флертувајте со косата. Со по некоја насмевка и значаен поглед, мажите обожаваат кога жената ја префрла одзади косата или со прстите поминува низ прамените коса.

19) Најдобар начин да се опуштите и да соберете храброст за директно флертување е доброто мото. А вашето мото нека биде „не можам ништо да изгубам, можам само да добијам“. Повторувајте го како тантра додека сосема не ве обземе.

20) Истакнете пред пријателите дека не сте во врска и дека сакате да запознаете некого. Тоа ќе ги поттикне да ве препорачаат или пак запознаат со некој згоден роднина или колега.

Би можело да ве интересира:

5 чудни работи што се случуваат кога ќе се вљубите По неколку испиени чаши вино, полесно ви е да разговарате дури и со луѓето кои е...
3 смели пози за орален секс со кои ќе му пружите на партнерот незаборавно задоволство (18+) Сте слушнале за секс позата „Спајдермен“? За многу мажи оралниот секс е задолжит...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
„Одглумете главоболка пред легнување“ – смешни секс совети за жените од 19-тиот век (18+) „Никогаш не се појавувајте разголени пред сопругот затоа што ќе го возбудите неп...
8 неочекувани работи кои посочуваат дека вашиот брак нема да трае засекогаш Научници ги анализирале браковите на 373 двојки во период од 16 години. До 16-та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Сè се врти во круг. Сите сме одговорни за сопствените дејства. Ќе ни се вратат.
Бети Лавердур