Лан Фест Конференција

lan-fest-konferencija-povekjeНа сите нам добро познат поим ни е Инфоком. Со својата 15-годишна традиција, овој настан буди убави информатички чувства кај секој, кој барем...


...еднаш во својот живот го посетил Инфоком на Скопски саем.

Но, во секторот за информатичка и телекомуникациска технологија, 15 години се многу голема временска рамка и период во кој многу технологии се појавуваат, стануваат познати, па дури и згаснуваат. Тоа што мораше да се промени на Инфоком беше неговиот тип, начин на прикажување на компаниите, пристапот до крајните посетители од останатите деловни и јавни сектори, како и искористување на потребните медиумски канали за поголема посетеност и соработка помеѓу секторите.

lan-fest-konferencija-1

Поради таа причина поширокиот ИКТ сектор произлезе заинтересиран и во потреба од еден сеопфатен настан кој ќе ги надополни пропустите. За таа цел оваа година, иницијаторот и организаторот “LDM Ideas” во ко-организаторство и соработка со повеќе јавни и приватни установи ја организира Информатчката Манифестација ЛАН Фест Конференција 2011 која претставува нов, модерен и доветен наследник на стариот и добар Инфоком. ЛАН Фест Конференцијата е настан кој е составен од повеќе под настани кои им овозможуваат на изложувачите и на посетителите ефективна соработка во полето на Информатичките и Комуникациските Технологии.

lan-fest-konferencija-2

Главен акцент на настанот е саемското изложување кои им овозможува на фирмите да ги презентираат своите услуги, сервиси и дејности кои ги обавуваат, со тоа што мало продажбата на настанот не е дозволена. Дополнително на овој тип на директнотп претставување, фирмите изложувачи добиваат термини во конференциските сали и предавалните да обават дополнителни презентации од отворен или затворен тип. За време на настанот ќе се спроведат повеќе од 80 ИКТ конференции, презентации и обуки од страна на Министерствата, локални и странски ИКТ експерти како и од самите фирми изложувачи, истите ќе бидат и електронски пренесесувани во живо на www.lanfest.mk

lan-fest-konferencija-3

За првпат во Македонија, ќе се одржува и најголемиот дигитален фестивал кадешто 500 учесници се вмрежени на едно место во време траење од три дена. Учесниците подлежат на обемна агенда каде што се организираат одредени работилници, натпревари во различни ИКТ умешности, споделување на информации и податоци, и натрпевари во електронскиот спорт. Дополнително овој сегмент со себе го понесува и најголемиот јавен и директен технички приказ на комплексно техничко решение во Југоисточна Европа, каде директно ќе бидат преставени и презентирани аспекти во полето на широкопојасниот интернет, безбедносни системи, менаџирање на комплексни инфраструктури и структурна поставеност на истото.

lan-fest-konferencija-4

Седма година по ред се оддржуваат и WCG квалификациите, настан кој е организиран од Македонската Е-Спорт Федерација, која ги обавува квалификаците за светското првентсво во електронскиот спорт кој ке се одржи во Кореа 2011, каде што најдобрите спортисти кои ке се пријават ќе бидат спонзорирани да ја претставуват Македонија во предвидените дисциплини на светското првентсво за електронски спорт во Кореа 2011.

lan-fest-konferencija-5

Како таков настанот е од голема важност за развојот на ИКТ општеството во Македонија, како за приватниот така и за јавниот сектор, поради тоа настанот е наидува на голема поддржка од Министерството за Информатичко Општество и Администрација, Министерство за Транспорт и Врски, Министерство за Внатрешни Работи, Инвестирај во Македонија, Стопнаска Комора, Сојуз на Стопански комори, Град Скопје, Млади и Спорт. Поддршка и соработка се очекува и од други јавни и приватни установи, дел од кои имаат и директно учество и превземаат ко-организаторски аспект на настанот. 

Како изложувачи на настанот се јавуваат организации кои обавуваат софтверски и хардверски услуги и прозводи, консултантски услуги, едукативини установи и сите оние кои имаат потреба на еден поинаков начин да се претстават.  

lan-fest-konferencija-6

Викендот на информатичка и телекомуникациска технологија што ќе се одржи во Мултифункционалната Спортска Сала Борис Трајковски, започнува од 20 мај и трае до 22 мај 2011 година и има за цел да ја прикаже целосната слика на информатичката и телекомуникациската технологија на Македонија, да овозможи соработка на ИКТ секторот со останатиот сектор од Македонија како и со глобалниот пазар. Подетални информации може да се најдат на линкот www.lanfest.mk каде што ќе можете да се резервира учество и да се бидете дел од ЛАН Фест Конференцијата кои за наши услови е револуционерен настан и соодветно наликува на еден светски познат ИКТ саем CeBit. За повеќе информации обратете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Никогаш не треба да очајуваме, нашата ситуација и порано била безнадежна па се сменила кон подобро. Верувам дека тоа ќе се случи повторно.
Џорџ Вашингтон (1732-1799)