Пешна, Македонски Брод

vikend-predlog-pestera-pesna-makedonski-brod-povekjeВо близина на Македонски Брод се наоѓа Пештерата Пешна. Оваа пештера го добила името по сестрата на Крале Марко - Пешна, за која многу голем дел...


...од нас и не слушнале. Според легендата која и ден денес се раскажува, уште во 14-тиот век опеаниот македонски јунак Крали Марко и изградил куќа на својата сестра Пешна на самиот почеток од пештерата, која подоцна почнала да се нарекува Пешна.

vikend-predlog-pestera-pesna-makedonski-brod-1

Куќата со своите огромни и дебели камени ѕидови наликува на мала тврдина. Благодарение на дебелите камените ѕидови денес дел од тврдината е останат и може да се види.

vikend-predlog-pestera-pesna-makedonski-brod-2

Oва ремек дело на природата со својата величествената големина, својата грандиозност, својата убавина ќе ве остави без здив. Висока е околу 30 метри а длабока околу 70.

vikend-predlog-pestera-pesna-makedonski-brod-3

Интересно за оваа пештера е што во пролет, кога се топат снеговите од високите планини во тој предел, на влезот од пештерата ќе ве пречека жубор на мала река која извира од малото езеро кое се наога дури на крајот од пештерата, потоа ќе ве пречекаат ѕидинита на куќата на Пешна, а веднаш заднеа огромна пештера која ќе ви го одземе здивот.

vikend-predlog-pestera-pesna-makedonski-brod-4

Горниот дел од пештерата кој е висок триесетина мери не се карактеризира со многу сталактити, но затоа ќе наидете на прекрасни форми направени од самата карпа ко дефинитивно ќе ви го задржат погледот.

Без разлика каде ке го спуштите вашиот поглед тој ќе наиде на карпи кои достигнуваат големина и над два метри со прекрасен разигран рељеф.

vikend-predlog-pestera-pesna-makedonski-brod-6

Благодарение на огромното окно сончевите зраци успеваат да продрат дури и до крајот на пештерата и слободно можете да прошетате низ неа без никаков проблем, а кога ќе стигнете до крајот на самата пештера свртете го вашиот поглед наназад за да не го пропуштите овој несекојдневен поглед кои плени со својата убавина.

vikend-predlog-pestera-pesna-makedonski-brod-7

Откако ќе се заситите од убавината која ви ја нуди ова прекрасно ремек дело на природата и откако ќе ги направите најубавите фотографиикои ќе ги оживуваат вашите прекрасни спомени од пештерата Пешна е дури тогаш сте подготвени да продолжите понатаму по потрага на нови македонски убавини.

Му благодариме на Јовица Војчески за викенд предлогот.

Вие во секое време можете да ни праќате ваши статии со предлози за места кои вредат да се посетат во Македонија како и фотографии од истите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секој петок објавуваме по еден предлог за викенд посета.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Животот е полн со разни обврски и одговорности, но основна и најважна е одговорноста што ја имаме кон себе.
Ерин Брокович