Престанете да броите овци

7-nacini-da-prestanete-da-broite-ovci-povekjeНаправивте сè што можете и умеете – навечер не пиете кафе, спалната ви е затемнета, не гледате хорори и не правите попис на утрешните обврски.


Па зошто и понатаму се превртувате и будите?

Некои навики за кои никогаш не би се сетиле, го саботираат здравиот сон. Што да направите?

1. Попладневни навики. Кафе и чај пред спиење не се добри за сонот. Но, внимавајте што пиете и во попладневните часови. Прескокнете го кафето и после ручекот. Напијте се свежо цеден сок.

2. Внимавајте што вечерате. Тешки оброци не се за пред спиење. Ако сте имале неколку ноќи немирен сон, за вечера јадете интегрални тестенини со свеж зеленчук и пармезан. Ова е комбинација од триптофан, аминокиселина која создава серотонин – хормон на среќата и помага за спиење. Млеко со крекери или јогурт со житарки е исто така добра комбинација.

3. Напијте се вино претходно. Нека биде тоа најдоцна во 6 часот попладне, а не во 23.

7-nacini-da-prestanete-da-broite-ovci

4. Капење. Топлата купка не се прави точно пред спиење. Сè она што ја зголемува телесната температура, го отежнува спиењето, затоа што на телото му е потребно одредено време за да се олади до посакуваната температура.

5. Растегнување. Умерени вежби можат да помогнат за опуштање и намалена напнатост на мускулите. 10 минути лесни вежби неколку часа пред спиење се одлични за подобар и полесен сон.

6. Пригушени светла. Направете си совршена атмосфера уште пред да заминете во кревет. Подгответе го телото дека е време за спиење.

7. Мобилните телефони се забранети. Никако вибрации, изгасете го телефонот. Инвестирајте во старомоден будилник и подгответе се за будење без snooze.

Би можело да ве интересира:

8 новогодишни подароци кои треба да ги избегнувате ако сакате да подарите нешто уникатно Чорапи и долна облека, чоколадни Дедо Мразовци, шолји за кафе... Што не треба да...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
„Музејот на кичот“ во Будимпешта им враќа спомени на сите што растеле во 90-тите - Се сеќавате ли на... Секоја куќа во минатото имаше голем телевизор, а на него рачно плетено миленце, ...
Морничавата приказна за „најопседнатата“ куќа во Лондон - Полицајци гледале како се движат предмети „Во собата почнаа да летаат предмети насекаде. Јас стоев во аголот и гледав прек...
Болести, убиства и канибализам: Како изгледа животот во најопасните затвори во светот? Некои извори тврдат дека затворениците во затворот Gitarama, Руанда, почнале да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Сè се врти во круг. Сите сме одговорни за сопствените дејства. Ќе ни се вратат.
Бети Лавердур