Кратка мудра приказна: Проблемот кој започнува со коњ...

Едно младо момче за 2.000 евра купило коњ. Го платило и газдата му ветил дека ќе му го донесе утредента. Утредента дошол газдата и му рекол на момчето: „Жал ми момче, коњот цркна!“

prikazna-mudro-momce-001.jpg

Момчето: „Добро, вратете ми ги парите“.

Газдата: „Жал ми е, но не можам да ти ги вратам парите, веќе ги потрошив“.

Момчето: „Тогаш донесете ми го цркнатиот коњ“.

Газдата: „Зошто!?“

Момчето: „Ќе направам лотарија. И немојте никому да кажувате дека коњот цркна!“

По месец дена се среќаваат газдата и момчето, па газдата го прашува како поминал со лотаријата.

Момчето: „Распишав лотарија, едно ливче беше 30 денари, продадов доволно за да си ги вратам моите 2.000 евра“.

Газдата: „Зарем никој не се пожали?“

Момчето: „Само типот кој го доби цркнатиот коњ, па нему му ги вратив  триесетте денари“

Момчето денес работи во банка.

Поука: Проблемот секогаш почнува со некој коњ, а банките само си ја работат својата работа...

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
Приказната која ми ја раскажа мојот татко ме научи да бидам спремен на сѐ во животот Животот е сурова игра. Воз кој поминува низ шини и никого не чека. А луѓето во н...
Животот е полн со тага и болка - најдете го своето виножито и не дозволувајте да замине Најдете работа што ќе ви донесе радост и не ѝ робувајте. „Посакував да работам п...
Од кога скапата кожена јакна и брзината на мотоциклот кажуваат за тоа каква девојка тој треба да има... Понекогаш се прашувам: „Што е со нас луѓето? Каде сме си го загубиле компасот, п...
Публиката ја мразеше, но „Касандра“ ѝ донесе голема популарност - Како изгледа денес злобната слугин... Лоли Санчез, актерката која го глумеше ликот на слугинката Росаура во една од на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Направи го тоа што можеш, со тоа што го имаш, таму каде што си.
Теодор Рузвелт (1858-1919)