Летен водич за девојки: Како да препознаете од која земја е згодниот дечко на плажа?

Ако веќе бевте на одмор, сигурно имавте можност да запознаете многу нови момци од Европа и светот. Како да ги препознаете и како да се справите со згодните момчиња кои се желни за летна авантура.

leten-vodic-za-devojki-0001.jpg

Како да ги препознаете и како да се справите со згодните момчиња кои се желни за летна авантура.

Словенци

Како да ги препознаете? Тотално се заинтересирани за сите видови на спортови, па се спортски обучени и спортски загреани. Тешко ќе ги најдете како се излежаваат на плажа, или во кафетерија. Ако моментално немаат наочари на лице, по исончаните траги на лицето ќе препознаете турбоспортски „Okley” модел кој што го носат. Секогаш доаѓаат со автомобили во живи бои, а кога од нив ќе почнат да ја вадат нивната спортска опрема, нивниот лимен миленик за момент ќе ви заличи на „Sport Billy” торбица.

На плажа секогаш имаат со себе: Под едната рака даска за сурфање, под другата скии за на вода, а околу струкот имаат торбичка за „freeclimbing”.

Обраќање кон жените: Uh kakšna bejba. (Порано викаа Uhh kakšna miška, но сега тоа е OUT)

Тајна на успехот: Топ форма и младелачки имиџ.

Како да се одбраните: Најчесто нема да сакате да се одбраните од нив, а веројатно и нема да имате можност. На изглед, толку се незаинтересирани и самоуверени, па доколку ви се допаѓаат тоа мора да им го нацртате. Но, доколку налетате на примери кои што ќе ви досадуваат, дојдете нашминкани на плажа, и прашајте дали може да сурфате во фустан. Кажете им дека сте тотален антиталент за спорт, дека не сте баш друштвени, и дека ваша најомилена рекреација е масажа во козметички салон, и романтична вечера со свеќи.

Германци

Како да ги препознаете: Поцрвенуваат како ракови. Освен тоа што главно се со светла коса, секогаш се движат во групи. Имаат катастрофален вкус за облекување, па во костуми за капење, без обзир на телесната градба, веројатно изгледаат 20 пати подобро отколку навечер кога се потполно облечени. На нозете најчесто имаат пластични сандали или затворени чевли. Vueeee!

На плажа секогаш носат: Чадор за сонце, мини фрижидер, и отворач за пиво.

Обраќање кон жените: Hallo Schatz! – тоа е најмногу што ќе слушнете од нив. Премногу се тивки, не фантазираат, и се премногу ладни. Освен кога ќе се напијат. Тогаш прегрнуваат и бакнуваат се околу себе.

Тајна на успехот: Не постои! Нивниот успех се состои во тоа кога тие се мета и кога жената ќе ги пронајде нив.

Како да се одбраните: Ако ве поканат на пијалак, кажете им дека сте го заборавиле паричникот, а ако се понудат да ве почестат, речете им дека сакате да јадете во раскошниот ресторан покрај плажата. Кога ќе настане молк, отворено покажете одушевување што сте налетале токму на нив, и баш размислувате како би отишле да работите во Германија, па дали би можело да ви средат било каква работа во некој ресторан, и дали би можеле привремено да престојувате, односно да бидете сместени кај нив. Нема ниту да завршите со зборувањето кога ќе слушнете само - Auf Wiedersehen!

Чеси

Како да ги препознаете: Единствени се што си парираат со Германците во лошиот стајлинг! Прилично се плави и сосем несигурни.

На плажа секогаш носат: Мини фрижидер, кој за разлика од Германците кои внатре имаат добро јадење и сокови, овие имаат од сите врсти на евтини паштети... Гумени сандали, маска за нуркање (секогаш во опаковка), и осет за лош квалитет.

Обраќање кон жените: Co je to? И тоа во главно се однесува на вашето јадење, во кое одушевено ќе блеат, и ќе посакаат да нарачаат исто како и вие. На плажа со некој беден англиски јазик, ќе сакаат да ви дадат до знаење дека можете совршено да се разберете и без многу зборување.

Тајна на успехот: Срамежливост. Само во дадени ситуации би можеле да слушнете од нив – Чеси-Прваци.

Како да се одбраните: Многу едноставно, само со ладен поглед. Ќе побегнат што е можно подалеку од вас. Не се досадни, премногу се добродушни, и тоа им е единствена добра страна. Доколку ги погледнете само со ладен поглед, ќе ги поштедите од различни непријатности.

Италијанци

Како да ги препознаете: Далеку се најгласни, најтемни, и со најголема количина злато на себе. Секогаш се облечени во склад со последните модни трендови, па дури и најсмелите. Без оглед на ќелавоста и телесниот изглед (сјајно ги поднесуваат годините) премногу се самоуверени, па дури и оние кои имаат евидентен вишок на стомак ништо не би можело да ги спречи, угодно да се чувствуваат во “tarzan” костим за капење со црни линии.

На плажа секогаш носат: Секакви видови на кремови (за пред сончање, после сончање, со висок заштитен фактор посебно за лице, со алое вера за “cooling” чувство) и клучеви од автомобил, иако плажата им е веднаш под хотелот.

Обраќање кон жените: Che bella! Tu sei bellissima! Најчесто звучи патетично како во филмовите.

Тајна на успехот: Упорност и увереност. Тоа што деноноќно напнуваат на вас, воопшто не значи дека на одмор се дојдени сами. Напротив! Премногу веројатно, малку подолу во некоја дебела сенка нивната понежна половина го успива нивното бебе.

Како да се одбраните: Уште во првите неколку минути кажете им дека воопшто не користите никаква превентивна козметика, дека немате поима за Shisseido дека има нов револуционерен крем против целулитот, дека не сакате накит, дека постојано сте само во фармерки, и дека никогаш не сте биле на маникир, па и дека немате нерви да седите кај фризер и вас секогаш ве шиша вашата сосетка!

Далматинци

Како да ги препознаете: Заедно со Италјанците се најупорни од сите. Каде и да седат удобно се покриени, па доколку дувне малку ветар и им однесе нешто од масата, очекуваат дека некој друг ќе стане место нив и ќе потрча по нивниот предмет (можеби вие!?). Наочари за сончање носат и навечер.

На плажа секогаш носат: Его! И топка. И не излегуваат од водата.

Обраќање кон жените: Ća je lipa, smišna ova mala!

Тајна на успехот: Кулерски став. Поглед скриен под наочари, и вперен во далечина, и одаваат впечаток на незаинтересиран фраер. А, од другата страна на стаклата – Matrix поглед се издига милувајќи ги вашите нозе, прсти и тело, така да со брзина побрза и од светлината го анализираат, финализираат, и обработуваат вашето тело. Само некој нека каже дека Далматинците се мрзеливи.

Како да се одбраните: Најмногу ги привлекува упорно одбивање. Затоа доколку сакате да се одбраните однесувајте се сосема спротивно. Веднаш кажете им како верувате во љубов на прв поглед, и дадете му до знаење дека сте таква како што тој бара целиот свој живот. Уште само утре да го запознаете со вашиот татко и веќе можете да се венчате. Тој веќе испарил.

Босанци

Како да ги препознаете: Поприлично се гласни, весели, и додека зборуваат на мобилен се чешкаат по задникот. Со раката во пантолоните! Тоа им е заштитен знак, генетски пренесен, па и уште лабело во раката, тогаш не би се излажале дека барем едниот родител им е од Босна.

На плажа секогаш носат: Два мобилни телефони и насмевка. И покрај тоа што се двајца на плажата, имате чувство дека плажата е полна. Доколку за момент помислите дека сте им избегале од видикот проверете уште еднаш под својата крпа!

Обраќање кон жените: Alo mačak! Đesi dobra! Šećeru ba rastop’ćes se!

Тајна на успехот: Искрен детски шарм. Нема шанси грубо да ги откачите! Ако и самите сфатат дека немаат шанси ќе се потрудат барем уште неколку минути да останат покрај вас. Колку повеќе минути, толку е поголем фраер во очите на пријателите. Толку се шармантни, што не би можеле да им одолеете.

Како да се одбраните: Само запознајте ги со својата згодна пријателка.

P.S. Доколку истиот Босанец го сретнете и следното лето, со голема насмевка на лицето ќе пријде и ќе ви се обрати: Đes’mala, šta ima?

Му благодариме на Орце Митрев за испратената статија.

Би можело да ве интересира:

Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Живеам во мошне мала куќа, но моите прозорци гледаат на многу голем свет.
Конфучие (551-429 пр.н.е.)