Ви раскинаа? И што сега? (2)

vi-raskinaa-i-sto-sega-2-povekjeГо продолжуваме вчерашниот водич за преживување. Значи...Не и се јавувајте на бившата љубов! Вратете се во вообичаените животни текови. Оваа недела...

...посебно издвојте време за излегување од дома. Секако, можеби не сте расположени да се облекувате, но сепак...посебно дотерајте се.

vi-raskinaa-i-sto-sega-2

Ако изгледате убаво, убаво и ќе се чувствувате. Ништо толку не ја ублажува болката од недамнешното раскинување колку комплиментите добиени во вистински момент.

Испланирајте го секој викенд во наредниот месец, се разбира со приајтелите. Излезете и играјте – музиката е благотворна. Вежбајте четири пати неделно.

Да, знаеме дека не вие до тоа, но сепак направете го. Ќе бидете поопуштени и посреќни. Не седете дома. Во првата недела дозволете си и една добра масажа.

Втората недела

Не го вртете тој број на телефон! Направете детална листа на своите предности. Угодувајте си. Го заслужувате тоа – многу работи ви поминаа преку глава. Своето ново слободно време (веројатно и екстра пари) потрошете го на нешто вам што ви годи.

Момците можеби ќе сфатат дека им треба некој гаџет чие купување сте го одложувале подолго време. Сега е вистинско време. Девојки, сè што можеме е да ви кажеме вам е: купувајте чевли!

Последните две недели од месецот

Не ни помислувајте да и се јавите на бившата љубов! Најлошото штотуку помина. Постепено се враќате во „сингл“ рутината. Бидете себични кога е во прашање организација на вашето секојдневие и правете што сакате.

Време е за долгорочни планови: еден за патување, а друг за вашиот живот. Сите опции се отворени, па...што сакате? Да продолжите со студиите? Да станете рок ѕвезда? Да научите да возите? Само напред!

Го поминавте патот кон опоравувањето, сега ги знаете сите трикови. Еден ден ќе сретнете личност која ќе ве сака и почитува.

Тогаш ова раскинување, кое е неподносливо во почетокот, ќе биде една заборавена етапа која сте ја поминале на патот кон вистинската љубов.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Можам ли да имам секс додека имам ХПВ?“ (18+) Ако ви се појавиле симптоми на ХПВ или сте дознале дека го имате вирусот преку с...
„Затвореничка“ – омилената секс поза на жените што сакаат партнерот да доминира (18+) Станува збор за секс поза која може да се изведе со стоење или клекнати на колен...
Како да му признаете на партнерот дека сте го излажале, без (премногу) да ги повредите неговите чувс... Важно е да се извините искрено, а ако станува збор за голема лага, немојте да го...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
„Шефица“ и уште 3 идеални пози за секс набрзина, кога немате премногу време (18+) Кои секс пози се одлични за набрзина, кога немате премногу време, а морате да се...
5 секс пози што ја стимулираат Г-точката и ветуваат незаборавен оргазам за партнерката Кои 5 секс пози ја стимулираат Г-точката кај партнерката? Сте пробале ли некои о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Надежта го гледа невидливото, го допира неопипливото и го остварува невозможното.
Непознат автор