Webit Конгрес 2011

webit-congress-2011-povekjeТрета година по ред, во Софија ќе се одржи Вебит конгресот кој ќе ги собере водечките луѓе од дигиталниот маркетинг и ИТ индустријата на едно место.


На 26 и 27 октомври, во главниот град на Бугарија ќе се соберат околу 100 професионалци и влијателни лидери кои ќе го споделат своето искуство и знаење во различни области како почетни инвестиции, електронска трговија, онлајн маркетинг и менаџмент на рекламирање, дизајн и развивање на програми, гејминг и телекомуникација.

webit-congress-2011

Главната маркетинг сцена е срцето и душата на конгресот. Ова е место каде експертите дискутираат за електронскиот маркетинг, електронска трговија и социјални медиуми.

Некои од основачите, директорите и претседателите на компании како Мајкрософт, и-Беј, ПејПал, Гугл, Фејсбук се појавуваат како говорници на оваа сцена. Оваа година главно изненадување е магионичарот во дигиталниот свет, Марко Темпест.

За прв пат оваа година, конгресот ќе има работилници за развивачи на апликации и интернет програми. За време на настанот, учесниците ќе можат да разменат искуства, а секоја работилница ќе трае половина или цел ден.

Помеѓу говорниците ќе биде и Џон Лун, директор за платформа и интеграција во ПејПал, кој ќе ги демонстрира последните иновации на полето за онлајн плаќање.

На 26-ти октомври ќе се одржи и форумот за игри, кој се очекува во наредните години да прерасне во најважен гејмин форум во централно-источна Европа. Специјално за Вебит доаѓа еден од основачите на Ангрѕ Бирдс, Џулиен Фоуржид.

Повеќе информации:

http://www.webitexpo.com/en/index.html/discount

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Од соништата се направени скапоцените и трајни работи чија убавина продолжува да живее и не бледнее.
Вирна Шиард