Вебит највлијателни луѓе

webit-najvlijatelni-lugje-online-povekjeСамо 20 дена пред крајот на кампањата „Вебит највлијателни луѓе онлајн“, повеќе од 1.300 луѓе од 77 земји се пријавиле за да ја добијат престижната награда.


Петте највлијалтени претставници од онлајн заедницата ќе добијат специјална награда, бесплатен пристап до еден од елитните интернационални дигитални конгреси. 

webit-najvlijatelni-lugje-online

Победникот, пак, ќе добие ВИП пристап, бесплатен авионски билет до Софија, Бугарија и претставување пред медиумите. Доколку сакате и вие да се пријавите, или пак да ги проверите рангирањата, тоа можете да го направите на influence.webitexpo.com

- Оваа година „Webit Influence“ е многу поголем и поширок проект кој го покрива скоро целиот свет. Проектот е дел од кампања, чија цел е да ги промовира онлајн пазарите и да ги открива влијателните луѓе и професионалци од онлајн заедницата - објаснува Пламен Русев, почесен амбассадор на Вебит.

Вебит Конгресот во Бугарија е еден од најзначајните ИТ конгреси во светот. Секоја година на него присуствуваат личности и менаџери од највлијателните онлајн компании како гугл, фејсбук, И-беј, ПајПал и слично.

Повеќе за годинешниот конгрес можете да прочитате тука.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Движи се самоуверено во насоката на своите соништа! Живеј го животот што си го замислил.
Хенри Дејвид Торо (1817-1862)