Вака навивавме за Македонија
Нашите кошаркари изминативе недели ни овозможија да уживаме во преубавата атмосфера низ целата земја. Безброј насмеани лица...
...желни за нови победи и успеси се обединуваа за да ја бодрат нашата кошаркарска репрезентација на секој натпревар. Кај нас навистина се знае како да се слави.
Иако малубројна земја сигурни сме дека се радуваме три пати повеќе од милионите во Русија. Медал не освоивме, но нашите репрезентативци ќе останат запомнети на ова првенство како играчи кои дадоа сè од себе и играа навистина од срце.
Оние кои имаа можност да заминат во Литванија дадоа максимална поддршка, но во земјава сè беше обоено во црвено - жолто.
Во прилог се фотографиите кои вие ни ги испративте. Како навиваше Македонија за нашата репрезентација:
-->
-->
-->
-->
|