Кралот на спинот во Скопје

kralot-na-spinot-doagja-vo-skopje-povekjeЧовекот кој до неизвесно време беше познат како еден од најмоќните Британци и поранешен советник на британскиот премиер Тони Блер, од...


...неодамна е и новиот советник на косовоскиот премиер Хашим Тачи.

kralot-na-spinot-doagja-vo-skopje

Алистер Кемпбел и официјално од пред една недела почна да се грижи и за репутацијата и имиџот на Косово и нејзиниот премиер. Неофицијални извори тврдат дека работата на Кемпбел ќе го чини Косово неверојатни 250,000 евра годишно. Дел од тоа ќе го покрие Косовската влада а останатиот дел Британската амбасада во Косово.

Точно е дека г-динот Кемпбел е поканет од Косовската влада да биде советник на премиерот и на некои клучни луѓе во владата. Г-динот Кемпбел и е добро познат на Косовската јавност особено по бомбардирањето на Србија од страна на Нато во 1999 година” изјавува Коста Петров, директорот на агенцијата Пи Ворлд и соработник на г-динот Кемпбел за регионот.

Веста дека Кембел е новиот советник на Тачи иделано се совпаѓа со гостувањето на г-динот Кемпбел во Македонија. Тој доаѓа во Македонија на екслузивна посета на  13 Октомври и во Александар Палас ќе одржи интерактивна работилница на тема кризни комуникации и менаџирање на вашата репутација.

Доаѓањето на Кемпбел во Македонија е најважниот ПР настан кој што некогаш се има случено во Македонија. Кемпбел е најмоќниот ПР на сите времиња и неговите ПР тактики за време на бомбардирањето на Косово и инвазијата на Ирак се примери кои се користат како пример во сите ПР школи” додадава Коста Петров, директор на дубајската Агенција Пи Ворлд која го организира доаѓањето на Кемпбел во Македонија

Алистер Кемпбел е една од најинтригантините Британски политички фигури. Кариерата ја започнува работејќи во некои од најмоќните британски медиуми за да подоцна стане главен советник и Прес Секретар на британскиот премиер Тони Блер. За време на неговата работа со Тони Блер, Алистер е вториот најмоќен човек во Британското Кралство и клучна фигура за одржување на репутацијата на Блер во Британија. Неговата работа со премиерот е опишана во двата светски бестселера Дневниците на Блер, 1 и 2.

За повеке информации околу регистрација на овој настан јавете се на 02 5111 350, или посетете ја веб страната на организаторот www.thepworld.com

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ни најголемото страдање не може да те уништи сé додека има зрак надеж.
Пам Браун