Освежување за 5 минути

osvezuvanje-za-5-minuti-povekjeОвошните фрапеа се подготвуваат од сезонско овошје со млеко, јогурт, шлаг, павлака... Изборот на состојки е неограничен. На вкусниот напиток...


...додајте парченца суво или свежо овошје, чоколадни трошки, иситнет бадем, кикирики, ореви, какао или цимет.

Комбинации има безброј, а изборот е ваш.

osvezuvanje-za-5-minuti-1

Витаминско фрапе

Потребни состојки:

  • 4 праски, 2 моркови, 2 dl млеко, 2 dl вода, лажица мед.

Подготовка:

Морковите исчистете ги, изрендајте ги, прелијте ги со медот и оставете ги да постојат половина час. Праските исчистете ги, па заедно со морковите иситнете ги во блендер. Во подготвената каша додајте млеко, матете уште малку па додајте ја водата. Пред да го послужите фрапето декорирајте го со парченца овошје и листови од нане.

osvezuvanje-za-5-minuti-2

Сани шејк

Потребни состојки:

  • 1 банана, 1 круша, 200 ml блага павлака, 200 ml јогурт (пожелно е да биде со помалку маснотии), 2 лажици мед, половина чаша издробен мраз.

Подготовка:

Иситнете ги бананата и крушата во блендер, па додајте го медот и јогуртот. На подготвената каша додајте ја благата павлака и матете до саканата густина. На крајот додајте го мразот. Декорирајте по ваш избор, но најдобро со парчиња свежо овошје.

Би можело да ве интересира:

10 предмети за домаќинството што можете повторно да ги искористите (и да заштедите пари) Направете декорации со картонските кутии од јајца. Претворете ги кутиите за чевл...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
Најмладиот сериски убиец во светот: На 8 години ја убил сестра му Во 2007 година, осумгодишниот Амарџит Сада имал насмевка на лицето додека го нос...
7 лоши навики кои се, всушност, добри за вас Знаете ли дека озборувањето помага да создадете поголема блискост врска со луѓет...
7 деструктивни навики кои треба да ги избегнувате (за да бидете посреќни) Минатото е завршено – ослободете се од него. Во животот ќе ви се случуваат и раб...
8 луѓе кои ги најдоа своите двојници на уметнички слики во музеј (фото) Замислете да отидете во посета на некој музеј и меѓу уметничките слики на познат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Оној миг кога ќе ја почувствуваме љубовта, земјата се преобразува: нема зима и нема ноќ, сите трагедии и сете здодевност исчезнуваат, дури и сите должности.
Ралф Валдо Емерсон (1803-1882)