WebIT ќе го посетат над 5.000 луѓе

webit-ke-go-posetat-nad-5000-lugje-povekjeПовеќе од 3.400 професионалци од 37 земји досега се регистрирале за присуство на Вебит конгресот 2011. Организаторите очекуваат повеќе од...


...5.000 посетители од повеќе од 40 земји кои се љубители на дигиталниот маркетинг, социјалните медиуми, онлајн продажбата, мобилните уреди и да го посетат конгресот кој ќе се одржи во Софија на 26 и 27 октомври.

На овие датуми главниот град на Бугарија по трет пат ќе биде домаќин на најголемиот конгрес во централна и источна Европа посветен на дигиталниот маркетинг и ИТ индустријата.

Два дена Софија ќе биде центарот во кој ќе се соберат околу 100 професионалци и влијателни лидери, кои ќе го споделат своето искуство и знаење во различни области како почетни инвестиции, електронска трговија, онлајн маркетинг и менаџмент на рекламирање, дизајн и развивање на програми, гејминг и телекомуникација.

Главната маркетинг сцена е местото каде експертите ќе дискутираат за електронскиот маркетинг, електронска трговија и социјални медиуми.

Оваа година како говорници ќе се појават високи менаџери од компании како Микрософт, и-Беј, ПајПал, Гугл, Јаху, а главно изненадување е магионичарот во дигиталниот свет, Марко Темпест.

За прв пат оваа година, конгресот ќе има работилници за развивачи на апликации и интернет програми. За време на настанот, учесниците ќе можат да разменат искуства, а секоја работилница ќе трае половина или цел ден.

Помеѓу говорниците ќе биде и Џон Лун, директор за платформа и интеграција во ПајПал, кој ќе ги демонстрира последните иновации на полето за онлајн плаќање.

На 26 октомври ќе се одржи и форумот за игри, кој се очекува во наредните години да прерасне во најважен гејминг форум во централно-источна Европа.

Специјално за Вебит доаѓа еден од основачите на Енгри Бирдс, Џулиен Фоуржид.

webit-ke-go-posetat-nad-5000-lugje

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Си го достигнал врвот на успехот тогаш кога повеќе нема да те интересираат парите, комплиментите или публицитетот.
Томас Волф (1900-1938)