Мали тајни на совршениот бакнеж

mali-tajni-na-sovrseniot-baknez-povekjeКако треба да изгледа совршениот бакнеж? Обрнете внимание на говорот на телото, затоа што тој ќе ви го открие вистинскиот момент...


...за првиот филмски бакнеж. Одете чекор по чекор. Доближете ја главата, затворете ги очите, бакнувајте полека со меки и лесно отворени усни. Нежно доближете го телото до партнерот и откријте како тој на тоа реагира, пoтоа притиснете ги градите, а на крајот и колковите. Осетете го партнеровиот ритам и следете го.

Тогаш почнува да работи јазикот, истражете ги партнеровите усни полека поместувајќи се се подлабоко со јазикот.

Вашиот стил на бакнување

Бидете креативни и развивајте го сопствениот стил на бакнување. Дозволете им на вашите јазици да играат заедно, да се поместуваат одвоено и заедно.mali-tajni-na-sovrseniot-baknez

За момент дозволете му на партнерот да ја води играта, вие повлечете се следејќи го неговиот јазик, а потоа изненадете го и вратете се во игра. Истражувајте ги своите сетила и уживајте.

Оние што сакаат новитети и стравуваат од едноличност во љубовната игра, на усните нека нанесат вкус на чоколадо, мед, пеперминт или вино.

Оваа игра ќе разбуди во вас до тогаш непозната сензуалност и ќе ви помогне да уживате со повеќе сетила. Потоа овие вкусови нека ги испробаат и усните на вашиот партнер. Сладете се меѓусебно.

Мајстор за бакнежи

Дозволете и на другата страна да учествува во бакнежот. Вистинскиот мајстор за бакнежи знае дека добриот бакнеж бара земање и давање на двајцата партнери.

Следете го говорот на телото на партнерот и почувствувајте дали му се допаѓа начинот на кој се одвива бакнежот. Дозволете му да ви го возврати бакнежот и следете ги неговите покрети сè додека ви се допаѓа она што го прави.

Експериментирајте

Во љубовниот занес, освен јазикот, важна улога играат и рацете. Опфатете го со нив лицето на партнерот и принесете го кон своето лице. Тоа движење дава дополнителна интимност и бакнежот го прави уште поприсен.

Со рацете можете да поминувате и низ косата на партнерот, нежно да го привлекувате кон усните, а потоа тргнете низ партнеровиот грб. Сензуално грицкајте ја партнеровата долна усна.

Нежно бакнувајте му го вратот, а потоа поместувајте ги усните кон многу осетливото подрачје блиску до коренот на косата. Топлиот здив чувајте го за подрачјето околу увото, а ако почувствувате дека партнерот е подготвен за тоа, нежно загризете му ја ушната ресичка.

Нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

4-те најчести прашања поврзани со сексот што ги мачат младите луѓе (и одговори за нив) „Зошто не можам да доживеам оргазам“ е едно од најчестите прашања што студентите...
Оргазам во сон и „влажни“ соништа: Што го предизвикува и како да го доживеете? (18+) Дали оргазмот во сон е знак дека нешто не е во ред со вашиот сексуален живот? Шт...
Која е улогата на брачното советување и како може да ви помогне? Брачното советување е вид терапија која има за цел да им помогне на паровите да ...
Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...
Србинки откриваат: „Зошто на жените над 30 години им е тешко да пронајдат партнер?“ „Затоа што мажите имаат лесно достапен секс без обврски и не сакаат некој да им ...
Секс поза „клацкалка“ – наменета за девојките што сакаат да доминираат за време на сексот (18+) Со оглед на тоа што партнерот треба да стои мирен, оваа секс поза е одлична за о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Најголема грешка е ништо да не правиш, зошто така можеш многу малку да направиш.
Сидни Смит (1771-1845)