Лансиран HTC Sensation™ XL

lansiran-htc-sensation-xl-povekje(Лондон, 7 oктомври, 2011g.) – HTC корпорацијата, глобален дизајнер на мобилни телефони, вчера го претстави HTC Sensation XL со Beats Audio интеграција.


Легендарниот рапер, пејач, глумец и продуцент Will.i.am долета од Њуjорк да ги раздрма присутните во Раундхаус и им се придружи на групата специјални гости помеѓу кои беа и светски познатиот бит-боксер Бирдимен (Beardyman), номинираниот за Q награда Неро (Nero), париската суперѕвезда Мартин Солвеиџ (Martin Solveig), данскиот хаус Диџеј и продуцент Фед ле Гранд (Fedde Le Grand ), влијателниот хаус Диџеј Dirty South и електро хаус сензацијата Зед (Zedd).

Беа присутни и светски познати личности, како Лејди Гага, Шерил Кол, Др. Дре и др., кои го прославуваа промовирањето на HTC Sensation™ XL со Beat интеграција и уживаа во екстравагантната музичка вечер.

Оваа последна иновација е резултат на новото партнерство помеѓу HTC и Beats најавено во август која ја подигнува мобилната забава на ново ниво, со неверојатен 4.7 инчен дисплеј и специфично оптимизирано аудио доживување. HTC Sensation XL се придружува на HTC Sensation XE и ја збогатува палета на HTC смарт-телефони со интегриран Beats Audio.

lansiran-htc-sensation-xl-1

“Со Beats Audio, HTC Sensation XL ја продолжува посветеноста на компанијата да овозможи најдобар можен звук на вашиот телефон, независно дали слушате музика, гледате филм или играте некоја игра” рече Питер Чу, извршен директор на HTC корпорацијата. “ ‘‘Ова е прекрасен пример зошто нашето партнерство со Beats има толку многу смисла за нашите потрошувачи сега и во иднина”.

”HTC е неверојатен партнер кој целосно ја прифати нашата желба преку мобилниот телефон да го направиме музичкото доживување колку што е можно помоќно и побогато”, рече Џими Ловин, претседател на Beatѕ.

Перформанси, дизајн и неверојатен звук

Со 4.7 инчен дисплеј, тенок 9.9мм дизајн и Beats Audio интеграција, HTC Sensation XL е специјално креиран да овозможи најзабавно доживување со неверојатен звук и слики за музика, филмови и видео игри.

HTC Sensation XL овозможува единствено аудио прилагодување од Beats со кое корисниците ќе ја слушнат музиката онака како што изведувачот ја замислил.

lansiran-htc-sensation-xl-2

Уникатен е и во однос на HTC слушалките. HTC Sensation XL вклучува нови лесни urBeats™слушалки креирани исклучиво за интеграција со Beats профилот на уредот. Вградениот микрофон овозможува лесна hands-free комуникација, додека управувачот сместен на самиот кабел им овозможува на корисниците да паузираат, забрзаат или вратат дел од песна и да можат да одговорат на повик додека слушаат некоја мелодија.

Исто така, корисниците можат да испраќаат до своите пријатели препораки за музика и информации за песни преку SMS, e-mail, или преку нивниот Фејсбук профил.

Може да се прилагоди перфектната мелодија на дојдовен повик или порака од пријателите или семејството, со употреба на одбирачот за мелодии, со кој се одбира мелодија и се додава на контакт профилот на пријателот.

HTC Watch

HTC Sensation XL содржи HTC Watch апликација и услуга која на корисниците им дава на располагање целокупна библиотека на најнови филмови и TВ програми и им овозможува откривање на најновата видео содржина на лесен и визуелно привлечен начин. HTC Watch користи прогресивна технологија на преземање која овозможува гледање видео без да се чека симнувањето на огромни документи. HTC Watch нуди можност за изнајмување или купување видеа. Доколку корисникот купи, има можност да ги гледа на пет различни HTC уреди.

Доловете го моментот

HTC Sensation XL може да се пофали со 8mp камера со карактеристики f/2.2, 28mm широко аголни леќи, BSI сензор, с

о кој може да собере што е можно повеќе од сцената во секоја снимка и има помалку осветлена експозиција .Во видео режимот, HTC Sensation XL им овозможува на корисниците да го снимат идеалниот момент со неверојатна јасност, чистина и прекрасен стерео звук –идеално за споделување со пријателите на Ју тјубе, Фејсбук, ТВ.

Достапност

HTC Sensation XL ќе биде достапен во Европа, Средниот Исток, Африка и Азија на почетокот на ноември. Во овој регион, HTC исто така ќе нуди ограничена серија која вклучува специјално издание на Beats Solo слушалки.

За Beats Electronics LLC

Основана во 2006, Beats Electronics е оригинална идеја на легендарниот уметник и продуцент др.Дре и претседателот на Interscope Geffen A&M Records, Џими Ловин, кој го започна развојот на нов вид на слушалки со способност за репродукција на целосен спектар на звук кои музичките уметници и продуценти го слушаат во нивните професионални студија. За повеќе информации ве молиме посетете ја страницата http://beatsbydre.com.

За HTC Interscope Geffen A&M Records

HTC Corporation (HTC) е една од најбрзо растечките компании во индустријата за мобилни телефони. Ставајќи ги луѓето во центарот на сè што го прават, HTC креира иновативни уреди кои подобро им служат на потребите и начинот на живот на поединците. Компанијата е на списокот на тајванската берза под маркер 2498. За повеќе информации за HTC ве молиме посетете ја страницата www.htc.com.

lansiran-htc-sensation-xl-3

lansiran-htc-sensation-xl-4

lansiran-htc-sensation-xl-5

lansiran-htc-sensation-xl-6

lansiran-htc-sensation-xl-7

lansiran-htc-sensation-xl-8

lansiran-htc-sensation-xl-9

lansiran-htc-sensation-xl-10

Би можело да ве интересира:

И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Луѓето ретко ги гледаат несигурните и болни чекори со кои се постигнува најбезначајниот успех...
Ени Саливан (1866-1936)