Случка која ќе допре до сите вас: Светомир

slucka-koja-ke-dopre-do-site-vas-svetomir-povekjeНаидовме на оваа случка на профилот на Горјан Јовановски на Фејсбук. Сигурни сме дека ќе успее да допре до вашите срца и да бидеме хумани...


...да помогнеме на овој човек и на сите на кои им е потребна помош...

Враќајки се накај дома вчера во 12.30 навечер, здогледав човек чии опис се совпаѓаше со оној на човек без дом, без храна. Си реков, некако да му помогнам сакам. И порано тоа сум си го викал, али никогаш не сум постапил така...овој пат си дадов предизвик самиот себе си дека немам гз тоа да го направам (тоа пали кај мене :P). Тргнав кон најблиската продавница, бар една асална вечера да му земам на човекот, а додека се оддалечував до него забележав и едно маче (подоцна е многу важно ова).

Купив 4 јаболка, 2 кроасани, еден листа густи сок, а од пекарата земав топол кроасан, знам дека тие се најубави толку касно. Рипнав на точакот и тргнав назад да го пресретнам. Но ко за инает човекот си беше отишол од таму. Ме стрефи една мака дека не се вратив доволно брзо, но позади една зграда здогледав нешто бело како се шмугна. Темници, кучиња, манијаци, али ја ко мува без глава тргнав да видам дали тоа белото е човекот што го барам.

И навистина испадна така, тоа беше човекот од претходно. Отпрвин го набљудував од далеку, за да видам дали е безбедно да му придам, денес има секакви будали со дом, така да кога ќе го изгубат којзнае што може да настане. Кога решив да му придам, тој мислеше дека ќе го бркам од контејерите низ кои гледаше, и почна да се одалечува. „Пријателе!“ беше зборот кој го сврти назад.

Му ја подадов кесата, објаснувајќи му дека е за него, нешто да касне убаво вечерта. Под неколкуте џемпери и дебела брада, веднаш се појави мала насмевка.

Иако беше надвор грч ладно, иако беше веќе 1 часот по полноќ, најчовечки беше тогаш да направам некој муабет со човекот, достоинството да му го вратам, па и надежта дека има по некој арен тука.

Тој се викаше Светомир, или Свето како надимак. Може имаше едно 50 години, и више. Излезе дека има некоја барака во Трнодол, но без струја само со вода (на ова ладно ја со клима се тресам дома, а тој?). Се зачудив кога почнавме да дискутираме на разни научни теми. Астрономија, економија, политика, биологија...па ова беше учен човек. Неговијот речник не доликуваше на некој необразован питач. Најголемиот шок беше кога дознав што работел: Доктор. Доктор во воена болница, човек со лице, со кариера, завршил на улица. Причината: Критикувал југословенски генерали во својот дневник. Поради тоа бил исфрлен, натепан неколку пати и кривично гонет. Низ муабетот неколкупати спомна колку му недостига Југославија, но во поарните времиња, а не после Тито, кога и сето тоа му се случило.Свето месечно има пензија од 15000 денари. За опстанок тоа е доволно. Ме зачуди зошто со 15000 тој оди по контејнери. Неговиот одговор беше: Ги имам тие 15 илјади на лист, но не и во рака. Никоја банка несака да ми ги исплати, сум немал правилна документација. Тој веќе долго време не ја зема таа пензија, а ако му се собере сето тоа што му должат нашиве, можам да замислам само која сума ќе дојде...

Свето имаше голема верба во бог и во здравата исхрана. Ги проколна и НАТО што се мешаат во сите војни како и во 2001вата и во Либија (од што се гледа дека човекот си го оддржува достоинството и чита за нови настани). Тој велеше дека со правилна исхрана и со чесност, така до ден денес си е жив и си е среќен. Ми прераскажа дел од пасусите од Библијата што се соодветствуваат со денешни настани, и како се е веќе предвидено.

Неколкупати ми се извини што ме гњавеше на разни теми, но иако смрзнав на ладното со едно јакниче само, немав ни грам сила во душата да го одбијам тој разговор кој нему му е толку потребен.

На крајот Светомир ми се заблагодари уште еднаш за доброто дело, но и ме замоли нешто:

Доаѓа зима, но јас никако да најдам добри обувки. Или се многу мали, или многу големи. Али големите ги земам, па ќе ставам повеќе пара чорапи и таман (се смее). Јас сум број 42, доколку знаеш некој кој што сака да ги фрли нивните обувки, те молам земи ги и зачувај ги за мене. Тоа ми е сега најголемиот проблем.

Си помислив, јас се нервирам дали утре за кола ќе положам, дали ќе имам лабараториски вежби на факс или дали интернетот ќе ми е брз или не. А тој се секира дали ќе има топли обувки?

Па у пичку матер со нашиве измислени и нереални проблеми, кога светов има толку големи маки, само некој да го согледа треба.

И врз сето тоа, Светомир ми кажува:

Јас не јадам месо, но секогаш кога ќе најдам им давам на мачињава тука да јадат. Баш прееска хранев едно маче онаму. Па и леб ако најдам оставам на птиците, најчесто на тие ниските кровови за да може да каснат и они нешто

Бездомник кој скита по контејнери за храна, ги храни и животните. Нема придавки со кои може да се опише добрината на овој човек.

Можеби ова беше доста долго, но средбата со Светомир вчера навистина ме натера да размислувам дека доколку ние како луѓе не си помагаме заедно, кој ќе ни помогне? Па Светомир е некој што е најблизок за нас: Ем е човек, ем е Македонец, ем Скопјанец, па дури и во близина на моето маало живее. Зар не би му помогнал на твој комшија?

Затоа имам 3 молби за оние од вас кои стигнаа до крајов на тестов:

  1. Доколку имате обувки број 42 или поголеми, а се за фрлање, побарајте ме мене за да може да му ги оставиме негде на Светомир.
  2. Доколку сте или знаете некој што може да му помогне во вадење на лични документи, за конечно да може да ја подигне пензијата која праведно му следува, ВЕ МОЛАМ исконтактирајте ме за да договориме средба со него! https://www.facebook.com/groups/177167712364342/
  3. Доколку најдете некој наш сограѓанин кој е во слична ситуација, одвоете 30 минути од вашето време, и 150 денари од вашите пари за да му го посреќите денот, и да му ја вратите вербата во човечката хуманост.

На крај сакам само да го завршам текстов со песнава: http://www.youtube.com/watch?v=-IUSZyjiYuY

Горјан Јовановски

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Среќа е кога подарувате.
Кристофер Хор