Најдобри шопинг дестинации во Европа

najdobri-soping-destinacii-vo-evropa-povekjeЕсента е време на распродажби, па ако планирате пат до некоја Европска метропола, погледајте каде ве чека одличен шопинг: Рим е еден од најстарите...



Рим

Рим е еден од најстарите трговски центри на светот, а моден центар е веќе еден век. Сите најдобри дизајнери на светот се во Рим.

najdobri-soping-destinacii-vo-evropa-1Piazza di Spagna - Шпанските скали - Via dei Condotti. Најбогатата улица воедно и една од најјаките за шопинг.

Продавниците на најголемите светски имиња на модата, Армани, Прада, Версаче, Долче и Габана, Гучи.

Via del Corso е убедливо најпопуларна улица за римјаните и туристите затоа што може да се најде место и за вашиот џеб, а за пребирливите тука е и продалвницата на Ферари, како и Сваровски кристалите.

Viale Marconi – е улица за млади купувачи, тинејџери и трендсетери.

Барселона

najdobri-soping-destinacii-vo-evropa-2

Барселона се наоѓа на листата најдобри шопинг дестинации на светот и шопингот таму преставува туристичка атракција.

Во Барселона постои автобус „Barcelona shopping line“, кој ги превезува патниците низ најзначајните шопинг зони во градот.

Познатите  домашни модни куќи Манго и Зара се натпреваруваат со другите познати брендови.

Милано

Престолнината на високата мода, Милано преставува една од топ шопинг дестинации.

Продавниците на модните куќи Армани, Версаче и Д&Г се доволна причина за планирање на посета на овој град.

Милано често пати го нарекуваат и шопинг мека, а главната причина се бројните Outlet трговски центри кои даваат големи попусти.

Париз

najdobri-soping-destinacii-vo-evropa-3

Париз е град кој е создаден за „шопинг од соништата“. Париз е најголемиот центар на модата во Европа. Имињата како Диор, Ив Сент Лорен, Шанел, Луи Витон, во Париз ги имаат своите најголеми бутици.

Во градот на љубовта, може да се пронајде сè, од тренди продавници до уникатни предмети.

Во Париз постојат бутици каде сè е уникатно - по едно парче, па затоа Париз е најоригиналниот град за разлика од Рим и Милано каде понекогаш сите носат тренди и исто.

Виена

Австрија има најголем шопинг центар во Европа -  Shopping City Sud каде бутици имаат најпознатите модни куќи.

Покрај овој трговски центар, Виена ја краси и убавата улица Mariahilferstrasse која е исполнета со интернационални продавници. Оваа улица е особено интересна за љубителите на накит и скапоцена гардероба.

Лондон

najdobri-soping-destinacii-vo-evropa-4

Еден од најдобрите европски градови за шопинг, Лондон им дава можност на посетителите да шетаат по улиците Oxford i Regent и да обиколат некои од најлуксузните продавници.

Исто така, доаѓањето во Лондон не може да помине без посета на најпрочуениот трговски центар на светот Harrods. Со преку 330 продавници кои се протегаат на површина од 90.000 метри квадратни, Harrods нуди сè што може да ви затреба, од храна до мебел.

За гурманите предлагаме да отидат во Kemdena Camden маркетот кој уште го нареkуваат и море на забави. Толку продавници со уникатни работи, ресторани, барови, пабови, сè на едно место, а ветува и добра забава.

Би можело да ве интересира:

Луксузен ресорт е егзотичен рај во Индонезија (фото) На што помислувате кога ќе го чуете поимот луксузен хотел? Дали е тоа место со о...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...
Која е Македонката, која ги сподели најубавите празнични фотки од Романија и Монако? „Со душа чекам да започнам со објава на празничните фотки“ – напиша на фотографи...
5 некомерцијални грчки острови за идиличен одмор (ќе се вљубите инстантно) Кога помислувате на грчки острови, први на памет сигурно ви паѓаат добропознатит...
Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Само едно начело ќе ви даде храброст, а тоа е начелото дека ни едно зло не трае засекогаш ниту пак многу долго.
Епикур (341-271 пр.н.е.)