Слушајте 7.000 радио станици на Android

slusajte-7000-radio-stanici-na-android-povekjeLive365 е интересна апликација која цели да биде еден вид понапредна социјална мрежа за споделување на музика, радио емисии и станици...


...споделени од луѓе (корисници). За да емитувате станица на Live365 треба да платите.

Ова го прави сервисот едно ниво повисок со тоа што овозможува на секому да емитува што сака и со тоа се воведува попрофесионално и детално распоредување на станиците при избор на она што сакате да слушате.

Преглед

Live365 ви носи повеќе од 7000 бесплатни радио станици директно во вашиот џеб или дланка. Библиотеката на станици се состои од преку 250 видови и категории на музика. Станиците може да емитуваат од програми со песни од еден артист па се до јавни радио станици и индивидуални DJ-и кои прават свои емисии и миксови во живо.

Предната страна што се појавува кога ќе ја стартувате апликацијата се состои од многу едноставен интерфејс каде што има поле за пребарување по клучен збор. Подоле се наоѓа листа со музичките категории доколку сакате да пребарувате според посебен вид на музика.

slusajte-7000-radio-stanici-na-android-1

Копчињата позиционирани на дното од главниот интерфејс ви овозможуваат брз пристап до најдобрите радио станици како и пристап до вашите меморирани станици. Доколку сакате да меморирате некоја радио станица, морате да креирате бесплатна Live365 сметка. Ова можете да го направите и директно преку самата апликација, но се користи старомоден процес на регистрација кој бара од вас да кликнете на линк за автентикација преку e-mail. Тоа и не е некој голем проблем, но сепак побарува повеќе чекори за да се продолжи понатаму. Би било многу поедноставно доколку корисниците би можеле да се регистрираат преку Google, Facebook или Twitter.

Откако ќе ги внесете вашите параметри во пребарувањето по артист/жанр, ќе добиете листа на радио станици кои се совпаѓаат со вашето пребарување. Секој резултат од вашето пребарување е претставен со слика како и со подетален опис за жанровите кои се емитуваат на таа радио станица.

slusajte-7000-radio-stanici-na-android-2

Слушање радио станица

За да се вклучите, едноставно притиснете на онаа радио станица која што сакате да ја слушате и таа почнува да свири веднаш. Основниот интерфејс, кога свири одредена радио станица е доста вообичаен и препознатлив. Тој вклучува графика која ја илустрира радио станицата или артистот чија песна моментално се емитува заедно со основните контроли на апликацијата во долниот дел. “Now playing” екранот ги вклучува стандардните play и stop копчиња, како и стрелки за напред и назад кои ви овозможуваат да ги менувате радио станиците кои биле прикажани во вашата листа за пребарување, поврзани жанрови илии слични артисти. Со копшето “Share” можете преку Facebook, Twitter или e-mailда споделите со светот што слушате моментално.

slusajte-7000-radio-stanici-na-android-3

Веднаш до контролите за споделување, од десната страна, се наоѓа копче кое ви овозможува интеракција со радио станицата на поинаков начин. Можете да купите или испорачате на e-mail конкретната песна што свири, да ја меморирате радио станицата или пак да му “кажете” на ДЈ-от дали ви се допаѓа или не моменталната песна. Веднаш под овие контроли се наоѓа едноставна контрола на гласност.

slusajte-7000-radio-stanici-na-android-4

Во главните подесувања на апликацијата се контролираат повеќе работи како: корисничка сметка, контрола на баферот за квалитет на звукот при различни интернет конекции, тип на стриминг, персонализација на изгледот и теми.

Извор: www.idroid.mk

Би можело да ве интересира:

6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Колку си поблиску до врвот, толку повеќе сфаќаш дека не постои „врв“.
Ненси Баркус