Брајан Трејси повторно во Македонија!

brajan-trejsi-povtorno-vo-makedonija-povekjeЖивата легенда во светот на бизнисот и  број 1 светски бизнис гуру - Брајан Трејси - на ваше барање повторно во Македонија! „За да постигнете успех...


...каков што не сте постигнале претходно, мора да станете човек каков што не сте биле претходно
“, вели Брајан Трејси - највлијателниот и најбараниот бизнис спикер во областите на продажба, лидерство, стратегија, професионален и личен развој.

Поминаа четири години од последното гостување на Брaјан Трејси во Скопје. Во тој период Брајан Трејси неколку пати го обиколи регионот, објави многу бестселинг книги и дообучи 2 милиони менаџери за продажба и сепак остана најпрактичниот, најкорисниот и најомилениот бизнис гуру на македонската публика.

Како светски водечки авторитет за продажба, секоја година повеќе од 250.000 бизнисмени од целиот свет присуствуваат на неговите предавања а неговите стратегии станa дел од успесите на повеќе од 1000 светски познати компании: Pepsi Co International, Toyota, Wal-Mart, Johnson&Johnson, Nissan, Earnst&Young, Hewlett-Pakard, IBM, Ford, Federal Express и многу други.

За овој пат, искуството да биде уште поисклучително, овој дводневен networking настан ќе се одржи на 10 и 11 ноември во најлуксузниот хотелски и казино комплекс Рамада Плаза (Princess) во Гевгелија. Triple S Group и CEED  Македонија Ви овозможуваат во еден одличен амбиент и склоп на казино и спа центар да размените мислења, контакти и да ги запознаете потенцијални клиенти и бизнис партнери.

Главните теми на кои ќе говори Брајан Трејси на конференцијата за Продажба●Преговарање●Успех се следниве:

  • Високо ефективни продажни вештини - докажани и практични алатки кои ќе придонесат инстантно зголемување на продажбата и приходот
  • Б2Б преговарање – како да продадете поскапо и да купите поефтино
  • Тајните за личниот успех – зошто некои луѓе се поуспешни од останатите

Ќе слушнете од прва рака како да го дуплирате својот приход, како позитивно да ги затворите продажбите со најтешките клиенти и да станете професионалец каков што никогаш не сте мислеле дека може да бидете! Сето ова, директно од човекот кој 40 години е најплатениот светски бизнис спикер, само-изграден милионер и продавач кој низ своите бестселери и пракса ја предефинира продажбата како уметност, наука и најпрофитабилна професија.

Повеќе информации за оваа ексклузивна бизнис конференција со најбараниот бизнис спикер - Брајан Трејси на www.konferencii.com

brajan-trejsi-povtorno-vo-makedonija

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Немој да правиш мали планови, во нив нема магија... Прави големи планови, цели високо во надежта и работата.
Даниел Х. Бурнхам