Стапалата ја откриваат вашата личност

stapalata-ja-otkrivaat-vasata-licnost-povekjeСтапалата откриваат сè за нас: од тоа како ни работат цревата, до тоа како се однесуваме во љубовните врски. За поврзаноста на стапалата со...


...физичките и психичките карактеристики ви ги пренесуваме најинтересните сознанија. 

Се смета дека стапалата се огледало на остатокот на телото.

Ножниот палец

stapalata-ja-otkrivaat-vasata-licnost

Ако ножниот палец е видно подолг од останатите, вие сте креативец. Изнаоѓате одлични решенија за проблемите и имате многу идеи. Никогаш не се збунувате кога од вас се бара одговор и ги набљудувате работите од различни агли. Понекогаш можете да имате проблем со концентрацијата.

Ако палецот е видно помал во однос на другите прсти, тоа покажува дека сте одлични во извршувањето на повеќе работи од еднаш. Пред сè сте шармантни.

Вториот прст

Што е подолг вториот прст, тоа сте посилен лидер. Динамични сте и снаодливи, но проблемите ги решавате само на свој начин. Во индијанската култура мајките наводно им забранувале на синовите да се оженат со жена со подолг втор прст затоа што ги доживувале како премногу авторитативни.

Пократкиот втор прст не значи дека не сте амбициозни, туку дека само го чекате своето време.

Третиот прст

Кинезите со третиот прст ја поврзуваат енергијата, еротичноста и силата на волјата. Ако ви е подолг во споредба со останатите, тоа значи дека сте полни со енергија и исклучително снаодливи. Што е подолг прстот, тоа ќе имате посилен волја да успеете во работата. Вие сте перфекционист и можете да постигнете многу со својата решителност и енергија. Меѓутоа, негативна страна е тоа што може да дозволите вашата работа да ве обземе и да заборавите на семејството, забавата и пријателите.

Ако третиот прст ви е пократок, вие уживате во животот.

Четвртиот прст

Долг и рамен четврт прст дава карактеристики на личности на кои најмногу им значи семејството. На несреќа во љубовните врски укажува искривеност на овој прст. Вие сте одличен „слушател“, се грижите за другите, а длабоко ве погодуваат семејните проблеми. Тешко се одвојувате од туѓите проблеми. Кинезите би рекле дека сте нежна душа која лесно може да се повреди. Проблемите во семејството можат да ви делуваат на здравјето.

Ако четвртиот прст ви е со еднаква должина како и првиот до него, мора да научите да се релаксирате.

Малиот прст

Разиграноста ги карактеризира луѓето со краток мал прст. Избегнувате одговорности, работите бргу ви досадуваат и постојано барате забава. Ако малиот прст можете да го мрдате независно од четвртиот прст, вие сте импулсивни, авантуристи, склони сте кон шармирање и флерт. Ако не можете, вие сте личност која ја цени рутината, предвидливоста и верноста.

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
Докторка од САД мами воздишки со мускулестото тело: „Некои ме критикуваат, но не ги слушам“ Честопати добива коментари дека не е примерно докторка да изгледа вака, но Стејс...
Како изгледаат тоалетите во кафулињата на Балканот? - Вирален хит кој го насмеа регионот (видео) Врата залепена до шолјата, во тоалетот нема хартија - забавно видео за тоа како ...
Жени воини од античкиот свет кои треба да ги знаете Историчарите од античкиот свет забележале приказни за импресивните женски воени ...
„Ако се фокусираш на твоите проблеми, ќе имаш повеќе проблеми“ - Психолошки трикови кои секој треба ... Ако се фокусираш на твоите проблеми, ќе имаш повеќе проблеми. Ако се фокусираш н...
Девојче со ретка болест изгледа како мала кукла - Прогнозирале дека ќе живее една година, а сега има... Девојчето кое по раѓањето тежеше само 30 грама и беше високо 25 сантиметри, дене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Животот треба да се збогати со голем број пријателства. Да се сака и да се биде сакан е најголемата среќа на постоењето.
Сидни Смит (1771-1845)